Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите
Агровести

АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите

Објавено 23/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување на појавата и ширењето на Африканската чума кај свињите. Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како „засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна оваа болест, ги вклучи и Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и Романија.

Основна цел на кампањата, како што потенцира директорот на АХВ Николче Бабовски е искоренување на болеста во Европа и таа годинава е насочена кон одгледувачите на свињи и ловџиите како лица кои имаат непосреден контакт со питомата и дивата популација. ЕФСА кампањата ќе ја реализира во соработка со ветеринарните организации, земјоделски и ловечки здруженија, граничната полиција и други релевантни тела во 18 земји, во рамки на која ќе се разменуваат информации и пораки преку дигиталните платформи и социјалните мрежи.

Болеста африканска чума кај свињите, за која нема вакцина, предизвикува голема смртност кај свињите и големи економски загуби, за среќа не е присутна во земјава иако ја има во соседните и земјите од регионот. Со цел спречување на евентуална појава и ширење на болеста и кај нас, АХВ будно ја следи состојбата. Како одговорна институција неколку години наназад, спроведени се голем број на превентивни мерки како што се подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставување на мониторинг на присуство на африканска чума кај дивите свињи, ставање во функција на апликација за пријавување на угинати диви свињи.

Реализирани се и голем број едукации на фармерите, ловните друштва, подготвени и испечатени се прирачници за болеста наменети за официјалните ветеринари, ветеринарните друштва и комерцијалните одгледувачи на свињи, кои ја интензивираа соработката и со помалите производители и одгледувачи на свињи. Извршена е и категоризација на свињарските фарми во однос на степенот на ризик и имплементираноста на биосигурносните мерки на фармите и идентификација на свињите.

Интензивирана е и соработката со невладиниот сектор, со националните паркови и другите државни органи, во насока на размена на податоци и информации. Одржани се обуки и за царинските службеници кои вршат контрола на личниот багаж на патниците кои влегуваат и транзитираат низ нашата земја со цел спречување на внесување на месо и производи од месо преку кои може да се пренесе вирусот на африканската свинска чума, а засилени се и контролите при увоз на оваа категорија производи. На сила се забрани за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од земјите и регионите каде е потврдено присуство на болеста.

Агенцијата за храна и ветеринарство го изработи и Планот за итни мерки и оперативен прирачник за справување со Африканска чума кај свињите, воведени се засилени мерки и контрола и на добиточните пазари во земјава. Од страна на официјалните ветеринари се вршат засилени контроли на движењето на свињите и спроведувањето на клиничките прегледи на одгледувалиштата со цел рана детекција на болеста.

Може да ви се допадне

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Таг:ахвсвинска чума
Претходен напис Снежана Илиевска, најдобриот пчелар помеѓу фудбалските судии и најдобриот фудбалски судија помеѓу пчеларите
Следен напис (Видео) „Воздушна апокалипса“ поради шумските пожари што беснеат во Јакутск – Се шири густ отровен чад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?