Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) „Воздушна апокалипса“ поради шумските пожари што беснеат во Јакутск – Се шири густ отровен чад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео) „Воздушна апокалипса“ поради шумските пожари што беснеат во Јакутск – Се шири густ отровен чад
Агровести

(Видео) „Воздушна апокалипса“ поради шумските пожари што беснеат во Јакутск – Се шири густ отровен чад

Последна измена: 23/07/2021 09:48
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Топлотниот бран во една од најстудените области во светот предизвика шумски пожари и му се закани на сибирскиот град Јакутск со „воздушна апокалипса”.

Најголема опасност претставува густиот отровен чад, предупредуваат службите за набљудување на атмосферата.

Високото ниво на честички, а можеби и хемикалиите, вклучувајќи озон, бензен и водород цијанид, се причина за едно од најлошите глобални загадувања на воздухот во историјата.

Локалните власти предупредија 320.000 жители да останат во затворен простор за да го избегнат задушувачкиот чад од пожарите, кои би можеле да го соборат минатогодишниот рекорд, пишува лондонски „Гардијан”.

Aerial view of one of the areas of Yakutia, Russia's coldest and largest territory, which by now has lost at least a million hectares of forests to wildfires. No estimate yet of how damaging the situation has been/is to wildlife #wildfires2021Russia pic.twitter.com/SJqxcZ76MI

— The Siberian Times (@siberian_times) July 19, 2021

Сателитската анализа покажува дека во последните денови, нивото на ПМ 2,5, односно мали честички кои можат да навлезат во крвотокот и да ги оштетат човечките органи, се зголеми над 1.000 микрограми на метар кубен, што е 40 пати повисоко од препорачаните безбедни нивоа на Светската здравствена организација.

Во вторникот, квалитетот на воздухот во Јакутск беше ПМ 2,5 од 395 микрограми, што спаѓа во екстремна категорија на „воздушна апокалипса”, која по дефиниција носи „непосредни и тешки последици”. Руските социјални мрежи наведуваат дека тоа е 17 пати полошо од просекот во најзагадените градови на Индија или Кина.

Си Ен Ен објави дека чадот се движи дури до Алјаска.

Научниците сметаат дека човечкиот фактор во климатските промени е важна причина за овие случувања.

Јакутск е најстудениот зимски град на планетата, но поради глобалното затоплување, летните температури тука се зголемуваат барем 2,5 пати побрзо од светскиот просек.

https://www.youtube.com/watch?v=2Dan65GCAjs

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:јакутскпожарРусијасибир
Претходен напис АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите
Следен напис Ако сакате гладиолите да ви процветаат во есен, луковиците посадете ги на почетокот на август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?