Големите произведени количини на пченица во Русија не само што ги задоволуваат домашните потреби, туку им овозможуваат и активен извоз. Според прелиминираните проценки на тамошното Министерство за земјоделство, овогодишниот извоз на оваа држава ќе надмине 48 милиони тони житарки од кои 37,5 милиони се однесуваат на пченица.
Се предвидува дека вкупниот обем на извоз ќе биде еден од најголемите во историјата на оваа светска велесила. На тој начин би можела повторно да ја заземе водечката глобална позиција кога е во прашање снабдувањето со пченица и од тронот да ја симне Украина.
Од први јули извозот на житарки (кој не ги вклучува земјите на ЕУ во мај и јуни) изнесувал 47,8 милиони тони, што е 12,7 % повеќе во однос на истиот период од претходната сезона кога бил 42,4 милиони тони. Што се однесува до пченицата, достигнал 37,2 мил.тони, што е пораст од 10 %, потоа јачмен 6,1 милиони тони (+37,8 %) и пченка 4 милиони тони (+2,9 %).
Главни купувачи на руско жито во минатата сезона беа Турција, која купила 8,4 милиони тони, што прави 17,5 % извоз, потоа Египет со 8,1 милиони тони, односно 17 %, Саудиска Арбија со 2,8 милиони тони што е 5,9 %, Бангладеш со 1,8 милиони тони, односно 3,9 % и Пакистан со 1,6 милиони тони, што одговара на 3,3 % од извозот. Покрај тоа, отворена им е многу ветувачка насока за снабдување кон Алжир.
Извозниот потенцијал во тековната сезона проценет е на 51 милиони тони, а конечно проценките ќе зависат од жетвата, како и од општата ситуација на странските пазари, заклучува руското министерство.
Извор: agroklub.com
