Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи и Петров на средба со израелскиот министер за земјоделство и рурален развој Форер – Примената на модерни технологии носи поголема продуктивност и конкурентност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи и Петров на средба со израелскиот министер за земјоделство и рурален развој Форер – Примената на модерни технологии носи поголема продуктивност и конкурентност
Агровести

Битиќи и Петров на средба со израелскиот министер за земјоделство и рурален развој Форер – Примената на модерни технологии носи поголема продуктивност и конкурентност

Објавено 13/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, во рамките на работната посета на Израел, остварија средба со министерот за земјоделство и рурален развој, Одед Форер, со кого разговараа за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи го честиташе формирањето на новата Влада на Израел и му посака многу успех на министерот Форер на новата позиција, пришто нагласи дека се надева дека ќе се продлабочува економската соработка помеѓу двете земји.

Тој истакна дека постои голем потенцијал за зголемување на меѓусебната трговска размена во повеќе сектори и притоа изрази очекување за помош од Израел во пренесување на искутва и знаења за примена на современи и модерни технологии за развој на земјоделството, кое беше истакнато како еден од секторите во кои може да се интензивира соработката.

Вицепремиерот Битиќи, министерот Форер и директорот Петров, на состанокот се согласија дека примената на новите технологии во земјоделството, но и во останатите сектори, може да донесат повисока продуктивност, конкурентност и создавање на додадена вредност, што би можело да биде импулс за зголемување на меѓусебната размена.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров, за време на првиот ден од работната посета на Израел, остварија посета и на Азриели инжинерскиот колеџ (Azrieli College of Engineering) во Ерусалим, како и на Атобе Акцелераторот (AtoBe Accelerator) – кој е формиран во рамките на Универзитетот и важи за еден од најдобрите центри за истражување и развој во земјата. За време на средбите со претставниците на универзитетот Азриели и бизнис акцелераторот Атобе, вицепремиерот и директорот се информираа за активностите кои се спроведуваат во овие институции и разменија искуства за креирање на можности за поддршка на старт-ап компаниите и унапредување на бизнис климата за стимулирање на иновации.

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:БитиќиПетров
Претходен напис Бачовски: Финансиска поддршка за отворање на нови и јакнење на капацитетите на постојните земјоделски задруги
Следен напис Во четврток авионско прскање против комарци во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?