Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: Се фокусираме на поквалитетни инвестиции кои носат повисоки плати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: Се фокусираме на поквалитетни инвестиции кои носат повисоки плати
Агровести

Деспотовски: Се фокусираме на поквалитетни инвестиции кои носат повисоки плати

Објавено 01/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Ја отвораме државата за сите инвеститори кои ќе донесат поголема додадена вредност, стабилни работни места и повисоки плати за нашите сограѓани. Повеќе не се претставуваме како земја со евтина работна сила и се стремиме да овозможиме достоинствен живот за секого. Додадената вредност на самиот проект е тоа што треба да не движи напред,” истакна Јован Деспотовски директор на ТИРЗ пред романските стопанственици на македонско-романскиот економски форум организиран од Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Деспотовски на романските компании им ги презентираше можностите за инвестирање во земјава и новиот концепт за привлекување на инвестиции на ТИРЗ.

„Она што нѐ прави различни е новиот индивидуализиран пакет за државна помош, креиран врз анализа на инвестициски планови и профил на компанијата, како и новиот систем за грижа на корисници, таканаречен систем “на една влезна точка” кој нуди поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка,” рече Деспотовски.

Деспотовски посочи дека инвеститорите веќе го препознаваат новиот концепт и поволната бизнис-клима во земјава.

„Само во изминативе неколку месеци успеавме да покренеме интерес кај над 30 компании, актуелни и потенцијални инвеститори за обем на инвестиции од над 425 милиони евра, кои треба да донесат нови 8500 работни места. Ова е доказ дека со таргетирани сет мерки можеме да креираме нов развоен концепт на македонската економија кој ќе се базира на инвестиции од кој ќе имаат бенефит и компаниите, и државата, но и граѓаните,” посочи Деспотовски.

Тој истакна дека пандемијата покажа дека фокусот само на еден сектор е ризик, како примерот со автомобилската индустрија кај нас, поради што ТИРЗ ја менува политиката и се отвора кон привлекување инвестиции и од другите сектори.

На форумот присуствуваа претставници на дваесет романски компании од различни сектори, како што се: градежништво, туризам, енергетика, информатичките технологии.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:деспотовскиТИРЗ
Претходен напис (Фото) Лозјата во Чешка целосно уништени од торнадото, повеќето насади не се осигурени: „Имаше град, поплави и ветрови, но ваква апокалипса немавме доживеано“
Следен напис Од утре делумна забрана за движење во шумите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?