Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ постигна договор за финансиска помош за земјоделците од 387 милијарди евра во следните седум години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ постигна договор за финансиска помош за земјоделците од 387 милијарди евра во следните седум години
Агровести

ЕУ постигна договор за финансиска помош за земјоделците од 387 милијарди евра во следните седум години

Објавено 26/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент се согласија за голема реформа на огромните земјоделски субвенции на Унијата, предизвикувајќи загриженост кај невладините организации кои велат дека таа не е доволно зелена.

„Со денешниот договор почнува вистинската промена кон позелена и поправедна Заедничка земјоделска политика (ЗЗП)”, напиша на Твитер потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

„Не е совршена, но, сепак, таа е голем чекор во вистинската насока”, додаде тој.

До договор доаѓа по неколкуте рунди неуспешни разговори за еколошката криза. Него во понеделник треба да го потпишат министрите за земјоделство на ЕУ.

Предвидените износи за ЗЗП се огромни и достигнуваат до 387 милијарди евра во следните седум години – што е третина од вкупниот минатогодишен буџет на ЕУ – од кои 270 милијарди евра се директна помош за европските земјоделци.

Земјите-членки на ЕУ ја одобрија реформата на ЗЗП во октомври, но мораа да се договорат со европратениците за сите детали.

-Сакавме да постигнеме рамнотежа меѓу економскиот развој на фармите и неопходната заштита на животната средина и климата, рече Ана Сандер, француска европратеничка од политичкиот центар, која беше клучен играч во договорот. „Некои луѓе понекогаш го занемаруваат фактот дека без приходи од фармите нема да има отпорност и на животната средина и климата”, додаде таа.

Договорот беше постигнат по долго одложување во однос на загриженоста, особено во врска со специјалните премии доделени на земјоделците кои прифаќаат практики кои се смета за еколошки позидржливи. Европратениците првично ги повикаа да земат најмалку 30 проценти од директните плаќања на земјоделците, додека земјите-членки побараа праг од 20 отсто праг. На крајот, договорот предвиде просечно 25 отсто годишно плаќање во текот на седумгодишниот период на ЗЗП, со можност за постепено воведување на новиот систем.

Европратениците и преговарачите од земјите-членки, исто така, се согласија да ги казнат земјоделците кои не ги почитуваат работничките права, со ризик за намалување на плаќањата во случај на прекршувања на правата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДоговореуФинансиска помош
Претходен напис Бачовски: Доделени првите десет договори за набавка на комбајни со сецкалици
Следен напис (Видео) Директорот на АХВ, Бабовски: Правиме сѐ, граѓаните да консумираат здрава и безбедна храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?