Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Доделени првите десет договори за набавка на комбајни со сецкалици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бачовски: Доделени првите десет договори за набавка на комбајни со сецкалици
АгровестЈавни огласи и повици

Бачовски: Доделени првите десет договори за набавка на комбајни со сецкалици

Објавено 26/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Димковски и со градоначалникот на Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев, денеска во Чешиново ги доделија првите десет од вкупно 25 одобрени договори за набавка на комбајни за ориз со сецкалица. Станува збор за реализација на мерката„ Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121,5 „Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалица.“
Директорот на АФПЗРР, Бачовски истакна дека сите пристигнати апликации ги исполниле условите за добивање на финанссиска подддршка.


„На овој повик кој заврши на средината на минатиот месец, пристигнаа вкупно 25 барања за набавка на комбајни. Сите 25 апликации се одобрени. Вкупната вредност на ове 25 договори изнесува близу 32,5 милиони денари, од кои 18 милиони денари, ќе бидат вратени на сметките на апликантите. Ова се сериозни средства преку кои директно помагаме на производителите на ориз, во намалување на нивните трошоци за прибирање на родот со ориз, и најважно со овие комбајни ќе се реши проблемот со палењето на оризовата слама. Апликациите се обработија брзо, еве денес ги склучивме договорите и сега апликантите можат да ги набават комбајните и оваа реколта веќе да имаат модернизиран начин на жетва, со што директно ќе се намалат и времето кое е потребно за жетва на ориз, но и производните трошоци. “ – истакна директорот Бачовски .
Оваа мерка се спроведува за прв пат а истста е креирана на барање на оризопроизводителите. Со неа директно позитивно се влијае врз намалување на производните трошоци на оризот, a истата позитивно влијае и врз локалната економија и намалување на загадувањето на воздухот.


Бачовски, истакна дека Агенцијата заедно со Владата, ќе продолжат да креираат мерки кои ќе го осовременуваат домашното земјоделство и позитивно влијаат на конкурентноста на домашно произведени земјоделски култури. Оваа Влада, покажа дека е отворена за предлозите на земјоделците за нови мерки и политики, а денешното доделување на договори е показател за брзата и успешна имплементација на истите.Остануваме посветени кон финансиска поддршка и развој на секој земјоделец и секое земјоделско стопанство.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Претходен напис Овоштарникот во јуни и јули
Следен напис ЕУ постигна договор за финансиска помош за земјоделците од 387 милијарди евра во следните седум години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?