Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овоштарникот во јуни и јули
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Овоштарникот во јуни и јули
Агровест

Овоштарникот во јуни и јули

Објавено 25/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на јуни и јули овошните дрвја се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне поради недостаток на вода. Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се одразуваат добро на растот и на плодообразувањето, како и на формирањето на родна папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.

Кога младите дрвца ќе почнат со плодоносење, потребно е да се отстранат плодовите до 50 см од врвовите на гранчињата. Кај постарите овошни дрвца се врши проредување на плодовите, со цел останатите плодови да бидат со повисок квалитет.

Кај јаболката и крушата проредувањето се врши кон крајот на месецот, откако ќе помине природното јунско проредување. Во овој месец започнува формирањето на родни папки за наредната година па затоа треба дрвјата убаво да се негуваат, наводнуваат, прихрануваат и почвата да се обработува редовно. Ако на крајот на мај е пропуштено второто прихранување на дрвцата, тогаш тоа треба да се направи во јуни.

Јаболката и крушите се третираат против краставост, пепелница, јаболков црв, вошки, крушкова болва, свиткувачи и сл. Дуњата се прска 1-2 пати против губењето на заврзоците, кафеавата лисна дамкавост, црвливост и сл. Сливите освен од црвената лисна дамкавост, шупликавост на листот, кафеавото гниење, овошниот црв и свиткувачот, овој период може да се инфицираат од рѓа и може да бидат нападнати од штитеста вошка. Кај праските и кајсиите продолжува третирањето против пепелница, кафеаво гниење, шупликавост на лист и овошни црви.

Кај оревите продолжува третманот против бактериозата и антракнозата. Бадемовите дрвја се третираат против бадемов семејад, сачменка, церкоспориоза. Леските во овој период од годината може да бидат нападнати од лешников молец кој го нагризува овошјето и полага јајца во него. Јагодите се третираат против сивото гниење. Малините и капините се третираат против дидимела, антракнза, пепелница, малинов комарец, малинов бумбар и др.

За сите горенаведени болести и штетници, потребно е да се користат дозволени препарати.

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Услови за одгледување цвекло и потреби за влага
Следен напис Бачовски: Доделени првите десет договори за набавка на комбајни со сецкалици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?