Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во петок и сабота во Кочани ќе се реализира авионско и прскање од земја против комарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во петок и сабота во Кочани ќе се реализира авионско и прскање од земја против комарци
Агровести

Во петок и сабота во Кочани ќе се реализира авионско и прскање од земја против комарци

Објавено 22/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На крајот од оваа недела Локалната самоуправа на Кочани ќе реализира дел од програмата за дезинсекција за оваа година, со прскање против комарците од авион и од земја.

Третманот од земја е најавен за в петок и сабота, во доцните вечерни часови, а ќе го спроведе стручна екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани. Авионското прскање пак, ќе се реализира в сабота, во раните утрински часови, во соработка со друштвото за авиоуслуги „Бониер” од Куманово.

– Со превентивната дезинсекција од земја ќе се опфати површина од околу 1.800 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и во дел од населените места. Авионското прскање ќе се спроведе на околу 3.400 хекатари, пред сè во градот и во низинскиот дел од општината. За дезинсекцијата ќе се користат широкоспектарни инсектициди за третирање комарци, што се одобрени од Бирото за лекови, информираа од Одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

За овогодишната кампања за прскање против комарците локалната самоуправа издвои близу два милиони денари од општинскиот буџет, предвидени со програмата за здравствена заштита.

Од Општина Кочани ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:комартци
Претходен напис Кои се најголеми светски одгледувачи на свињи?
Следен напис Топлото време потенцијална опасност за пожари, полицијата со апел да не се палат огнови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?