Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На „Стартапувај 3“ пристигнати 616 апликации од компании и проектни тимови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На „Стартапувај 3“ пристигнати 616 апликации од компании и проектни тимови
Агровести

На „Стартапувај 3“ пристигнати 616 апликации од компании и проектни тимови

Објавено 22/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 616 апликации се пристигнати на јавниот повик „Стартапувај 3″ што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Околу 42 отсто од нив се на проектни тимови, што е и новина воведена првпат на овој повик, а останатите се на веќе постоечки компании.

Вкупно 493 или 80 проценти се нови апликанти, компании и тимови кои првпат аплицираат на некој од повиците на ФИТР.

Износот на инвестицискиот циклус е околу 29 милиони евра од кои компаниите и проектните тимови побаруваат околу 87 проценти или 25 милиони евра. Вкупниот буџет, пак, на овој повик изнесува два милиона евра што значи дека побарувачката на средства е поголема за 12,5 пати.

На „Стартапувај 3″ аплицирале компании од сите сектори, но предничат ИТ, додека учеството на жените како сопственици и управители на фирми е 49 отсто. Апликации има од секој град и од сите плански региони.

-Пристигнаа рекорден број апликации. Покрај финансиска поддршка, ФИТР преку своите партнери, за компаните обезбеди дополнителна поддршка, односно повластени банкарски услови, како и кредит за користење на клауд платформата, истакна Тања Илиевска, раководител на Сектор во Фондот.

Илиевска истакна дека следува фазата на предселекција во која апликациите/проектите ќе се оценуваат од три домашни лица. Мандатот за финален избор, како и за сите останати е инструменти на ФИТР, ја носи Комитетот за одобрување инвестции, составен од пет меѓународни експерти.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:СТАРТАПУВАЈ 3
Претходен напис (Видео) Силно невреме ја погоди Европа – Поројни дождови, поплави, молњи и грмотевици…
Следен напис Жителите на Лешок собраа средства за дополнителни количини вода во системот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?