Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Силно невреме ја погоди Европа – Поројни дождови, поплави, молњи и грмотевици…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > (Видео) Силно невреме ја погоди Европа – Поројни дождови, поплави, молњи и грмотевици…
Агропрогноза

(Видео) Силно невреме ја погоди Европа – Поројни дождови, поплави, молњи и грмотевици…

Објавено 22/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поројни дождови проследени со грмежи донесоа заладување во некои делови од Западна Европа по претходно регистрираните високи температури.

Германската метеоролошка служба соопшти дека температурите на западниот и северниот дел на земјата за време на викендот се намалиле од над 30 степени Целзиусови на околу 20 степени по силниот дожд.

И Франција по неколку жешки денови беше погодена од силни грмотевици, што предизвика уривање на камбанаријата на една црква во едно село во централниот дел на земјата. Невремето оштети лозја и поплави куќи и јавни згради. Во Шампањ, ветровите достигнаа 137 километри на час. Француската национална метеоролошка служба регистрираше 44.000 громови само во саботата.

Најмалку 15 лица се удавија во Полска за време на викендот, а спасувачите тврдат дека најчести причини за давење се несовесноста, преценувањето на способностите за пливање и пливањето по консумирање алкохол.

Полицијата во Холандија соопшти дека се пронајдени две тела во реката Вал, притока на Рајна. Идентитетот на жртвите не е потврден, но полицијата во соседна Германија соопшти дека описот на телото одговара на описот на две девојчиња на возраст од 13 и 14 години, кои исчезнаа минатата недела додека пливале во Рајна близу Дуизбург. Трет тинејџер беше извлечен мртов од истата река минатата среда.

Повеќе од 19 лица се удавија во Германија во текот на изминатата недела.

Полицијата во Австрија потврди дека 26-годишен маж починал во неделата откако скокнал од карпа висока 40 метри во езерото Волфгангзе. Оваа недела Москва беше погодена од топлотен бран, со температури во неделата од над 30 степени Целзиусови.

France has seen its 'darkest day' this year as a supercell storm hit the northern town of Rethel.

The severe weather conditions saw 44,000 lightning strikes in one day, along with heavy rain and floods in some areas.

Watch more videos from Sky News: https://t.co/ubK2E2J6NP pic.twitter.com/UdrqRC9rpg

— Sky News (@SkyNews) June 21, 2021

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:време
Претходен напис Официјално пуштено осветлувањето на речното корито на Црн Дрим
Следен напис На „Стартапувај 3“ пристигнати 616 апликации од компании и проектни тимови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?