„Повикот за Мерка 7 засега е во фаза на најава, тоа е наша процедура, на сите јавни повици им претходи најава за да можат апликантите полека да се спремаат или да имаат сознание дека ќе има јавен повик за да можат службите да им бидат на располагање за да им ги објаснат сите детали. Сѐ уште чекаме модификација на програмата од страна на Директоратот за земјоделство и рурален развој од Брисел. Начелно, официјално ни е одобрена таа модификација, ја чекаме и во писмена форма, по што би го објавиле и јавниот повик, изјави за Агротим, директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
Се надевам дека кон крајот на месец јуни и почетокот на јули, јавниот повик ќе биде објавен, тој обично трае 45 дена, со можна екстензија за плус 15 дена, односно 60 дена. Ги повикувам сите заинтересирани да ги разгледаат условите објавени на нашите веб-страници, нормално за секое прашање тука се и службите.
Минатиот јавен повик за оваа мерка, кој беше објавен во декември 2019 година, по она што го имаме ние како бројка во моментот според мене е супер како бројки, имаме некаде околу 80-на договори во вредност од близу 9 милиони евра, така што мислам дека горе-доле тој буџет ќе го имаме на располагање за наредниот повик и очекувам уште поголема заинтересираност, пред сѐ во делот на руралниот туризам, развивање на индустријата во руралните средини, во инвестиции во алтернативното земјоделство, така што многу скоро ќе го објавиме Мерка 7, којшто, морам да напоменам, ќе биде последен повик од ИПАРД 2 програмата, веќе од наредната 2022 година, Агенцијата ќе почне со имплементација на ИПАРД 3, каде што, според она што го имаме како неофицијална информација, очекуваме и многу поголем буџет.
