Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на атомизерите и прскалките во зима, конзервација на опремата за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Заштита на атомизерите и прскалките во зима, конзервација на опремата за наводнување
Механизација

Заштита на атомизерите и прскалките во зима, конзервација на опремата за наводнување

Објавено 07/11/2019
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Конзервирањето (зимското складирање) на прскалките е една од најважните мерки за одржување на механизацијата пред да започне зимата.

Набавката на погонски или приклучни земјоделски машини е се повеќе застапена кај просечниот земјоделец , а исто така  тоа  за нашите простори значи и издвојување на голем дел од буџетот на земјделците  . Дури можеби тоа да заначи и  задолжување односно инвестиција направена со помош на кредит. Ова е причината зошто земјоделците треба својата механизација редовно да ја одржуваат, сервисираат, чистат и да ја конзервираат во периодот  кога машините „одмараат“ .

Правилната припрема на прскалките и атомизерите пред почетокот на зимата треба да се одвива на следниот начин:

1. По завршувањето на последното прскање, темелно исчистете ги сите делови на распрскувачот, внатрешноста на резервоарот (оставете чиста вода низ цевките и млазниците),  а исто така  треба треба темелно да се исчистат и сите надворешни делови на распрскувачот.

2. Откако ќе завршите со  чистењето, исцедете ја целата вода од пумпата, регулаторот за притисок, цевката, филтерот и другите елементи каде што водата може да остане. Истурете 3-5 литри антифриз (антифриз за ладилници за моторни возила) што содржат антикорозивни средства, во резервоарот и стартувајте ја пумпата за прскање. Отворете ги сите вентили на регулаторот така што течноста да  може да стигне до млазницата преку цевките. Конечно, исцедете го остатокот од средствата во резервоарот и оставете ја пумпата да работи уште неколку минути за да го испумпа вишокот  од системот на резервоарот . Може да биде слична мешавина од вода и антифриз или зимска течност за миење на шофершајбни.

 3. Последното нешто што треба да го сторите ако планирате да го  оставите распрскувачот надвор е да го отстраните манометарот со вртење  (спротивно од стрелките на часовникот) и да го поставите на топло и суво место (на пр. во ормар)  со цел да го заштитите  од мрзнење. На овој начин ја обезбедувате неговата  долготрајност , и сте го заштитиле од ниски температури.

Одржувањето на прскалките од атомизерот  започнува дури после темелното чистење.

Цевки и спојници на цевки

Проверете дали некоја од цевките   е пукната и дали спојниците на цевката се стеснати. Слаба, испукана цевка може да пукне во средината на сезоната на прскање и може да предизвика непланирани трошоци. Проверете ги добро, доколку е потребно, заменете ги со нови.

Боја

Некои средства за прскање содржат растворувачи кои имаат агресивно влијание врз бојата. Онаму каде што бојата е оштетена, исчистете ја, извадете ја ‘рѓата и прекријте ја.

Главен резервоар

Проверете дали во резервоарот има преостанато средство за прскање. Долгото задржување на сретства   за прскање,  го скратува  животниот век на резервоарот и на останатите  компоненти. Издувниот вентил од резервоарот мора да биде затворен.

 Регулатор на притисокот

Заштитете го регулаторот на притисокот од влага и прашина. Ова може да се направи со пластична кеса. Се препорачува подмачкување на подвижни делови со  WD – 40 или со  масло.

Пумпа

После сезоната, темелно исчистете ја надворешната и внатрешната страна на пумпата пред да ја конзервирате. Проверете го бројот на работните часови и според потребите направете редовен сервис (промена на маслото, мембрана , дихтунзи, итн.).  Доколку не сте сигурни во тоа што треба да го направите обратете се во овластен сервис.

Кадранско вратило (РТО)

Безбедносната  игла на   главата од вратилото мора да се исчисти и подмачка, бидејќи  само таква може да си ја врши функцијата и да се  обезбеди таа да не испадне. Проверете го и заштитите го вратилото на PTO, функцијата и состојбата на PTO на секои 40 работни часови. Заменете ги оштетените делови со нови. На секои 100  работни часа, проверете ја состојбата на PTO-вратилото , општата состојба на PTO вратилото, а особено безбедносната игла. Заменете ги оштетените делови со нови.

Останати делови

Исчистете ги сите витални делови (филтри , ленти, дополнителна опрема …), проверете ја нивната состојба и заменете ги по потреба со нови. Од елементи како што се филтри за вшмукување, вентили, итн.,одстранете ја  преостаната вода и секаков акумулиран талог. Исто така, подмачкајте ги подвижните делови на регулаторот.

Извор: Agro-Eko Magazin

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
Таг:атомизеризаѓтита на механизацијатамеханизацијапрскалки
Претходен напис Тутунскиот комбинат Прилеп со добивка прв пат по 20 години
Следен напис Собранието ги усвои измените на Законот за вино, се олеснуваат условите за производство на вино во малите семејни винарии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?