Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемувањето на цената на суровините и недостатокот на компоненти ја зголемуваат цената на механизацијата во Франција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемувањето на цената на суровините и недостатокот на компоненти ја зголемуваат цената на механизацијата во Франција
Агровести

Зголемувањето на цената на суровините и недостатокот на компоненти ја зголемуваат цената на механизацијата во Франција

Објавено 01/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на земјоделски машини во Франција, која е најсилна во овој сектор во Европската Унија, планираат да ги зголемат цените оваа година. Според економскиот извештај на Здружението на производители на земјоделска опрема „Аксема“ за 2021 година, причината за зголемувањето на цената на суровините и недостиг на компоненти, како и истовремено зголемување на побарувачката.

Откако цените на житото се зголемија, земјоделците сакаат да инвестираат во нови машини. Оваа ситуација се совпадна со нарушувањето на глобалниот ланец на снабдување поврзано со пандемијата ковид-19, што создава големи потешкотии за производителите на опрема како што се „AGCO Corp“ од САД и „Deere & Co“.

Од „Аксема“ тврдат дека во Франција скоро сите производители очекуваат повисоки продажни цени како одговор на притисоците во ланецот на снабдување.

Според најновото истражување спроведено помеѓу нивните членови, ризиците поврзани со состојбата со недостаток на суровини се влошуваат.

– Дури 94% од компаниите се соочуваат со потешкотии во снабдувањето, 75% од нив се соочуваат со недостаток првенствено на челик, а потоа и електронски и хидраулични компоненти. Конечно, 13% сметаат дека привременото исклучување на одредени производни линии е неизбежно – се наведува во соопштението каде што додаваат дека зголемувањето на трошоците за производство (индустриски суровини, енергија, транспорт) ги става производителите во ризик од значителен пад на маржите.

Кога станува збор за цената на челикот, што може да претставува 30 до 40% од трошоците за производство, тие се зголемиле двојно минатата година. Затоа, тие ја повикуваат ЕУ да ги ублажи ограничувањата на стоките насочени кон спречување на неправеден увоз на таа суровина. Земајќи ја предвид заостанатата количина на производство, сепак се очекува продажбата на земјоделски машини во Франција да се зголеми за пет до седум проценти оваа година, односно да достигне вредност од 6,4 милијарди евра.

Извор: добројутро.рс

Може да ви се допадне

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Таг:механизацијацени
Претходен напис (Видео) Даворин одгледува јапонски говеда во Хрватска: Сакам овде да направам мала Швајцарија
Следен напис Работниците во земјоделството меѓу најслабо платените во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?