Квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството се на седмо место, а нивната бруто заработка по час е повеќе од двојно помала од најдобро платените менаџери.
Бруто заработката по час, јасно, се разликува зависно од тоа што работите. Но, разликите во платите на поедини занимања некаде се многу големи. Според детални информации за заработката за 2018 година, Европскиот статистички уред (Eurostat) објави попис на најдобро и најлошо платени занимања.

Најдобро платени, во сите држави членки на ЕУ се менаџерите, чија просечна бруто заработка по час изнесувала 28,6 eвра. После нив се професионалнте работници, стручњаци во својата бранша (21,4 евра), a на трето техничарите (17,8 евра).
Квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарство се на седмо место, а нивната бруто заработувачка по час изнесува 12,6 евра. Пред нив се занаетчии и слични занимања (12,8), а зад нив работници на машини и постројки и монтажери (11,5).
Работниците во услужните дејности како што се подготовка, помошна работа во подготовка на храна, продавачи и слично, се најлошо платени, со дури 9,7 евра на час.
Во секој случај, просечната бруто заработувачка по час на најдобро платената професија во ЕУ била отприлка трипати поголема од заработката на најслабо платената. Поточно, менаџерите биле трипати повеќе платени од обичниот работник.
Во земјите членки на ЕУ тој сооднос бил најголем во Кипар, каде менаџерите (31,7 eвра/час) во просек примале плата пет пати поголема од работниците (6,3 eвра/час). Спротивно на тоа, соодносот бил најнизок во Данска, 50,9 евра за најдобрите и 22,2 евра за најлошо платените, а што може да се види и во следниот графикон:

