Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Урбано земјоделство – Земјоделство во затворен простор со помош на современа технологија која обезбедува најоптимални услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Урбано земјоделство – Земјоделство во затворен простор со помош на современа технологија која обезбедува најоптимални услови
Растително производство

Урбано земјоделство – Земјоделство во затворен простор со помош на современа технологија која обезбедува најоптимални услови

Објавено 29/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Забрзаниот патник доаѓа на станицата во Токио надевајќи се дека ќе го фати следниот воз за дома. Но прво, брзо застанува во продавницата да земе свежа зелена салата која се одгледува токму таму, на железничката станица. Се одгледува со помош на современа технологија за да се обезбеди да се одгледува под најоптимални услови.

Токискиот железнички оператор наскоро ќе го овозможи тоа, станиците ќе станат позелени, а истовремено ќе го збогатат напредокот на земјоделството во затворен простор. Железничкиот оператор JR East од ова агротехничка работа очекува обрт од 22 милијарди долари.

Компанијата, официјално позната како Источнојапонска железница, ја позајмила идејата за одгледување зеленчук во затврен простор од германскиот стартап Infarm, кој го убедил железничкиот оператор да инвестира. Infarm се здружил со јапонскиот синџир на прехрамбени производи Summit за да одгледува производи користејќи лед светла и ги продавал на лице место.

Од јануари 2022 година, продавницата Summit во токиското одделение Adachi одгледува салата и друг зеленчук во џиновски кутии на оваа локација. Со 213 јени (1,94 долари) за парче салата, тоа е скоро двојно повеќе од цената на салатата одгледана на отворено. Акцентот во промоцијата се дава на свежината на производите.
Infarm исто така изградил затворени фарми во продавниците кои ги води Kinokuniya, подружница на супермаркетот JR East.



Infarm испорачал над 1.200 затворени земјодлески објекти за повеќе од 30 најголеми продавници на мало во Европа и Америка.

-Како „Тесла“, ние постојано го ажуираме софтверот за да ја подобриме ефикасноста на култивацијата“, изјави Икуо Хираиши, генерален директор на компанијата Infarm Japan.
Сензорите собираат податоци за влажноста, топлината, осветленоста, нивото на водата, пристапноста на ѓубрива и останатите услови за растење кои се пренесуваат во големи бази на податоци. Програмата на вештачка интелегенција со далечинско ја контролира опремата за да се обезбедат оптимални услови за раст.

Затворените „Фабрики за растенија“ имаат предност бидејќи не се подложни на временските услови, што значи дека оперативните трошоци главно се стабилни. Но тие трошоци за контрола на условите се релативно скапи и се ограничувачки фактор за ширење на оваа технологија.

Infarm успеал да ги намали тие трошоци со користење на податоци. Од едно растение компанијата собира до 50.000 податоци од сеидба до берба. Овие информации и овозожиле на компанијата да ја прилагоди количината на светлина и ѓубрива во случај насадот да не расте добро.

За пониските трошоци придонесуваат поевтините извори на ЛЕД-осветлувањето со што се подобрува ефикасноста. Во споредба со првата генерација затворена земјоделска опрема, најновите верзии трошат 40% помалку електрична енергија. Infarm очекува дека ќе стане профитабилен во 2023 година поради овие технолошки иновации.

Одгледувањето во затворено стана сè попопуларно како начин да се ограничи еколошкото влијание на конвенционалните фарми, на кои отпаѓаат 70% вода која се користи ширум светот. Глобалното загревање и дезертификацијата ќе ја намалат површината на обработливи површини.

Поместување на фармите во затворени простори се смета за начин на одржливост на производството на храна. Благодарение на автоматските котроли, објектите можат да ја намалат количината на потрошена вода. Вертикалното земјоделство, во кое посевите се одгледуваат на ѕидови, на урбанизираните места како Сингапур кои имаат ограничени земјоделски земјишта, ќе можат да обезбедат големи количини простор за одгледување на храна.

Infarm троши 95% помалку вода отколку фармите на отворено, наведуваат во компанијата. Само 2 метра квадратен простор можат да произведат еквивалентен принос на 250 метри квадратни обработливо земјиште.

Со инсталирање на растечка опрема во продажните простори, ќе се намали јаглен диоксидот произведен со транспорт на производите од фармите.



Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:инфармЈапонија
Претходен напис Поради птичјиот грип прогласена вонредна состојба во Бразил
Следен напис Каров: На повидок признавање на македонското овчарско куче Караман од светската кинолошка федерација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?