Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Каров: На повидок признавање на македонското овчарско куче Караман од светската кинолошка федерација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Каров: На повидок признавање на македонското овчарско куче Караман од светската кинолошка федерација
Агровести

Каров: На повидок признавање на македонското овчарско куче Караман од светската кинолошка федерација

Објавено 29/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Кинолошкиот клуб за македонско овчарско куче – Караман, Илија Ико Каров најави дека на повидок е признавањето на Караманот од страна на светската кинолошка федерација.

-Го трчаме последниот круг од тој долг маратон – признавањето од страна на светската кинолошка федерација.

На повидок несомнено е, но, не би откривал повеќе детали, но, сепак кога ќе влеземе во семејството на оние над триста признаени раси веќе самата иднина на караманот ги отвора хоризонтите кон нешто друго, нешто пошироко, нешто интернационално.

Знаете префиксот македонско во никој случај не му е ставено од некои националистички побуди.

Караманот е куче кое за брзо време ќе ги помине границите на Македонија, изјави Каров во Битуше, каде се одржа 10 -та изложба, односно 10. првенство на македонско овчарско куче Караман.

Се надеваме, додаде, дека набрзо ќе имаме карамани како во соседството, така и вон границите на Европа.

-Набрзо ќе имаме карамани во соседството и во Европа и на Далечниот Исток и Америка, клубови и одгледувачи кои ќе работат организирано во соработка со нас.

Интересот и за сега е голем, има за сега едно куче во Италија, едно во Германија.

Сепак политиката на клубот е таква во интерес на генофондот да останат што повеќе тука, до нивното признавање од кинолошката федерација, вели тој.

Според него, клубот за македонско овчарско куче Караман е формиран во 2004 година, но раните почетоци на клубот датираат од далечната 1998 година кога браќата Влатко и Марјан Костовски ги симнуваат првите карамани од македонските планини и со тоа започнува оној пионерски подвиг на она што се вика селективно одгледување.

-Мисијата на самиот клуб е зачувување на расата онаква каква што ја затекнавме.

Знаеме дека планината со себе носи многу здрава селекција, но сепак имаше работи кои што организираното одгледување несомнено можеше да ги подобри во здравословен смер на кучињата.

Караманот е старо нова раса. Најраните референци на расата се пронајдени уште во неолитот на овие простори, потоа следи средновековието, каде што се оние најконкретните на логотипот.

Кучето кое што е издвоено на нашето лого всушност е детал од фреската рождество Христово во Курбиново од 1191 година.

Македонското овчарско куче Караман се уште егзистира во етничките граници на Македонија, значи не само во географските. Значи се среќава на сите страни.

Нам ни е многу драго што се повеќе и повеќе луѓе ни се јавуваат и ни се приклучуваат зад границата на денешна Македонија, така што несомнено е нешто што е поврзано со битот на Македонецот е нераздвојно нешто, посочува тој.

Според него, нашата историја е поврзана уште од многу одамна со сточарството и со земјоделството. -Значи најраните референци за организирани сточарски населби тука се уште во праисторијата.

Всушност овој сој егзогенетските фактори, почнуваат да го профилираат оној денешен и екстериерен и ентериерен тип кој што го препознаваме и го имаме, вели тој.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:караман
Претходен напис Урбано земјоделство – Земјоделство во затворен простор со помош на современа технологија која обезбедува најоптимални услови
Следен напис Трагедија во Куманово – Едно лице загина откако малолетничка која возела трактор излетала од патот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?