Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Екстремното време е најчеста причина за раселувањето во 2020 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Екстремното време е најчеста причина за раселувањето во 2020 година
Агровест

Екстремното време е најчеста причина за раселувањето во 2020 година

Објавено 21/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екстремните климатски промени поврзани со временските услови и масовните евакуации за заштита на ранливите категории луѓе го поттикнуваат глобалното зголемување на бројот на семејства принудени да се иселат од своите домови, а некои остануваат долгорочно раселени, се наведува во извештајот на Женевскиот центар за мониторинг на внатрешно раселените лица (ИДМЦ).

Екстремното време во околу 98 проценти од случаите во 2020 година било причина за луѓето да мораат да го напуштат својот дом, се наведува во извештајот на ИДМЦ.

– Некои од нив брзо беа во можност да се вратат дома, по евакуацијата, рече директорката на ИДМЦ, Александра Билак.

Меѓутоа, се повеќе раселени не успеваат да се вратат, почнувајќи од австралиските семејства кои ги загубија своите домови во шумски пожари, преку жителите на пацифичките острови погодени од циклонот Харалд, до петте милиони жители на Јужна Азија евакуирани од циклонот Амфан.

– Раселувањето може да трае со месеци, па дури и со години, изјави Билак пред новинарите.

Таа додаде дека дури и богатите земји бележат зголемен број раселени лица, на пример, во САД по ураганот.

Дури и за оние кои се привремено евакуирани од домовите ваквото искуство „претставува шок”, забележа Билак.

Поради лошите временски услови, во годината на зголемен број на невремиња и поплави, 40 милиони луѓе се раселени, многумина од нив привремено.

– Особено загрижувачки е што овие високи бројки беа регистрирани за време на пандемијата со Ковид-19 кога ограничувањата на движењето го попречуваа собирањето на податоците, а се помалку луѓе бараа засолниште во итни случаи поради страв од инфекција, рече Билак.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:енипоплава
Претходен напис Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне сончево
Следен напис Климатскиот данок ќе има драстични последици за данското земјоделие
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?