Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Климатски промени – На Антарктикот забележан најголемиот леден брег на светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Климатски промени – На Антарктикот забележан најголемиот леден брег на светот
Агровести

Климатски промени – На Антарктикот забележан најголемиот леден брег на светот

Објавено 20/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Огромна санта мраз се одвои од западната страна на ледената плоча Рона во морето Ведел на Антарктикот, соопшти вчера Европската вселенска агенција (ЕСА).

Ледениот брег, познат како А-76, има големина од околу 4 320 квадратни километри со што во моментов е најголемиот во светот.
Ледениот брег е забележан на неодамнешните фотографии снимени од сателитската мисија на Коперникус – Сентинел-1 и со околу 170 километри должина и 25 километри ширина, тој е малку поголем од шпанскиот остров Мајорка.

Мисијата Сентинел-1 се состои од два поларни сателити во орбитата кои користат радарско снимање за да собираат податоци, без оглед дали се работи за ден или ноќ, овозможувајќи преглед на далечни региони како Антарктикот во текот на целата година.

Британско истражување на Антарктикот го забележа брегот и тоа го потврди Националниот центар за мраз на САД со употреба на слики од Коперникус Сентинел-1.

Најголемата евидентирана санта мраз претходно беше А-23А, со големина од приближно 3 880 квадратни километри и исто така се наоѓа во морето Ведел.

Ледениот брег А-74, кој се одвои од ледената плоча Брант на Антарктикот во февруари, имаше само 1 270 квадратни километри, колку големината на Лос Анџелес.

Според ЕСА, ледените брегови традиционално се именуваат од квадрантот на Антарктикот во кој првично биле видени, потоа последователен број, а потоа, ако ледениот брег се скрши, последователна буква.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:. климатски промениантарктик
Претходен напис Заев: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места
Следен напис (Видео) Град со големина на лешник, обилни дождови и силен ветер погодија неколку општини во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?