Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влијанието на глобалното затоплување врз производителите на кафе на плантажите во Колумбија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Влијанието на глобалното затоплување врз производителите на кафе на плантажите во Колумбија
Агровести

Влијанието на глобалното затоплување врз производителите на кафе на плантажите во Колумбија

Објавено 29/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Колумбија е трет по големина производител на кафе во светот, но климатските промени се нов предизвик за одгледувачите.

Во новата студија, научниците користеле модели за да предвидат како климатските промени ќе влијаат на производителите на кафе во оваа јужноамериканска земја од 2042 до 2061 година. Студијата покажува дека регионите што одгледуваат кафе може да имаат „значајни импликации“ во следните децении како резултат на глобалното затоплување и дека просторот во кој се одгледува кафето ќе мора да се промени.

Растението кафе е неверојатно чувствително на непредвидливо време, што значително влијае на квантитетот и квалитетот на зрната што можат да се произведат, според World Coffee Research.

Поради зголемувањето на температурите, областите на Колумбија кои се моментално главните места за одгледување кафе, наскоро би можеле да бидат премногу жешки и суви за овие растенија да преживеат. Не се предвидува намалување на вкупното производство на кафе во земјата, но националните просеци кријат големи варијации во резултатите на одгледувачите во различни региони.

„Климатските промени негативно ќе влијаат на одгледувањето кафе на мала надморска височина. Илјадници одгледувачи во овие области ќе го увидат тоа во наредниот период, до средината на векот, дека нивните средства за живот ќе бидат загрозени, бидејќи продуктивноста најверојатно ќе падне под нивната граница на профитабилност“, вели водечкиот автор Федерико Себалос-Сиера.

Клучната разлика во тоа како климатските промени ќе влијаат на одгледувањето кафе во иднина ќе зависи од надморската височина. Студија од 2015 година открива дека зголемувањето на температурата помеѓу 2 и 3 степени ќе го „турка“ производството на кафе Арабика низ целиот свет во планините и шумските резерви. Оваа глобална промена на местото каде што може да се произведе кафе ќе претставува различни предизвици за одгледувачите во различни региони на кафе.

„Колумбија е голема земја со многу поинаква географија. Планинскиот масив Анди се протега од југозападниот до североисточниот дел на земјата “, рече Сенди Дал’Ерба, коавтор на студијата.

Добра инвестиција е купување земјиште на поголема надморска височина

Во иднина, ќе биде покорисно да се одгледува кафе во планините. Значи, за оние кои можат да си го дозволат тоа, купувањето земјиште во тие области би било добра инвестиција.

„Но, истражувачите велат дека преселувањето на производството е скапо и не е опција за 550.000 колумбиски мали производители. Околу 80 проценти од продаденото кафе ширум светот се одгледува во мали фарми низ Африка, Латинска Америка и Азија.“

Кое е решението?

„Идните студии треба да одговорат на различните стратегии за адаптација и нивните трошоци, како и да проценат кои опции се најдобри“, вели Дал’Ерба. Ова вклучува предлози како што е подобро наводнување, „засенчување на културите“ со шумска крошна или потрага по сорти на кафе поотпорни на глобалното затоплување. Фокусот е ставен на следниот 40-годишен период и без прилагодувања, изгледите може да бидат многу полоши, според „Еуроњуз“.

Извор: plodnazemlja.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кафеКолумбијаодгледување
Претходен напис Нацрт – план за управување со Националниот парк „Шар Планина“
Следен напис Миланка и Дејан во еден ден калемат и до 1.500 садници на лубеница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?