Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Миланка и Дејан во еден ден калемат и до 1.500 садници на лубеница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Миланка и Дејан во еден ден калемат и до 1.500 садници на лубеница
Магазин

Миланка и Дејан во еден ден калемат и до 1.500 садници на лубеница

Објавено 29/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семејството Миjковиќ од Осипаоница кај Смедерево веќе дваесет и пет години успешно се занимава со калемење лубеници. Побарувачката е голема, а за два месеци Миланка и Дејан продаваат и до 15.000 садници калемени лубеници.

Покрај редовната работа и грижата за големо домаќинство, вредните сопружници можат да калемат и до 1.500 садници од лубеница на ден. Процесот на калемење е чувствителен и се состои од неколку активности, и секоја од нив е подеднакво важна за успешен процес.

„Лубеницата има многу лош коренов систем и е исклучително чувствителна на голема количина вода и во кореновиот систем доаѓа до гниење. Тиквата има исклучително силен корен и буквално со калемење се добива растение кое има коренов систем од тиквата, а сè друго е лубеница. Самиот процес, до изнесување на нива, трае околу 40 дена“, вели Миланка Миjковиќ.

Побарувачката е голема, а фактот дека Миjковиќ има редовни клиенти со години покажува дека калемите се квалитетни.

„Побарувачката е голема затоа што се помалку луѓе го прават ова. Прво, ова е долг процес. Цена како цена, не е многу повисока, на пример од едно парче од некое цвеќе“, вели Миланка.

„Од ова може да се живее, но ова е работа само два месеци.“, вели Дејан Миjковиќ.

Осипаоница отсекогаш била позната како „село на бостан“. Сепак, многу семејства кои порано одгледувале лубеници сега одгледуваат други култури.

Иако Миланка и Дејан се задоволни и од производството и од побарувачката, засега не планираат да ги прошират своите капацитети.

Тие велат дека за ваков потфат им треба помош од помладите генерации.

Извор: rts.rs

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:калемењелубеница
Претходен напис Влијанието на глобалното затоплување врз производителите на кафе на плантажите во Колумбија
Следен напис РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?