Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДИЖС: Надзор на „Пејпар Мил“ по испуштање обоени отпадни води
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ДИЖС: Надзор на „Пејпар Мил“ по испуштање обоени отпадни води
Агровести

ДИЖС: Надзор на „Пејпар Мил“ по испуштање обоени отпадни води

Објавено 28/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По рестартирањето на „Пејпар Мил“, обоени отпадни води се испуштаат во отворен канал што потоа се влива во Оризарска Река. А водата од реката, заедно со водите од хидроакумулациите Калиманци и Градче, се користи за наводнување на оризовите полиња.

Државниот инспектор за животна средина на 26.04.2021г. излезе на терен и утврди дека отпадните води од технолошкиот процес на Пејпар Мил примарно се исталожуваат во лагуни, но нивниот капацитет не е доволен за да се задржат хартиените влакна пред испустот. Затоа отпадната вода што се испушта во каналот содржи висок процент на органска материја со целулозни влакна (која е остаток од хартијата која се преработува) и е обоена бело или кафено, во зависност од типот на хартија што се произведува.

По надзорот, инспекторот го задолжи „Пејпар Мил“ да изврши мерења на составот на отпадната вода од страна на акредитирана лабораторија и да изврши таложење на отпадната хартија пред испуштање.

„Пејпар Мил“ интензивно работи на заокружување на постројката за пречистување на отпадните води, со која таложењето на хартиениот отпад ќе биде поефикасно, а талогот и исталожената вода ќе се враќаат во процесот.

Дотогаш „Пејпар Мил“ мора да го контролира испуштањето на отпадните води согласно наредбата на инспекторот. Водите мора да бидат заштитени.

Извор: Државен инспекторат за животна средина

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пејпар мил
Претходен напис Нов Јавен конкурс од ФИТР наречен СТАРТАПУВАЈ 3 – поддршка од 40.000 и 60.000 евра наменети за старт-ап и спин оф компаниите
Следен напис Шумската полиција добива нови униформи – зимски и летни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?