Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов Јавен конкурс од ФИТР наречен СТАРТАПУВАЈ 3 – поддршка од 40.000 и 60.000 евра наменети за старт-ап и спин оф компаниите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Нов Јавен конкурс од ФИТР наречен СТАРТАПУВАЈ 3 – поддршка од 40.000 и 60.000 евра наменети за старт-ап и спин оф компаниите
Јавни огласи и повици

Нов Јавен конкурс од ФИТР наречен СТАРТАПУВАЈ 3 – поддршка од 40.000 и 60.000 евра наменети за старт-ап и спин оф компаниите

Објавено 28/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој денес на ден 28.04.2021 година, објавува Јавен конкурс за за финансирање под инструмент за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“. 

Преку овој Инструмент се очекува да се поттикне развој и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга.

На овој јавен повик можат да учествуваат:

  • трговски друштва основани согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или
  • тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица;

Трошоци подобни за финасирање се:

  • Бруто плати со вклучени додатоци на плата дефинирани согласно Законот за работни односи (работа за празник, работа во недела, работа во смени, ноќна работа и др.) за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот. Износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот, намалени за износот на потенцијална државна субвенција примена по основ на плата;
  • Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
  • Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
  • Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
  • Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експретиза за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
  • Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн
  • Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.

Преку овој инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува:

  • до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно
  • до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.

Преостанатиот износ (10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти)) од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Вкупен буџет за јавниот конкурс изнесува 2 милиони евра во денарска противвредност.

При аплицирањето треба се доставви:

  • проектна апликација;
  • буџет на проектот;
  • изјава на Апликантот за прифаќање на условите на Фондот;
  • прашалник за животна средина и
  • Нотарски заверена изјава за сопственичка – основачка структура на апликантот (освен во случај кога како апликант се јавува тим, истата се доставува по основање на трговското друштво).
  • кратки биографии на лицата кои го сочинуваат проектниот тим ангажиран во проектот (најмногу за 5 (пет) лица).

Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф компании е до 12.06.2021год. до 14.00часот.

Јавниот повик во целост е објавен на Веб страната на Фондот за Иновации и технолошки развој https://fitr.mk/startapuvaj3/

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:јавен повикСТАРТАПУВАЈ 3ФИТР
Претходен напис Одгледување ореви во мешани насади
Следен напис ДИЖС: Надзор на „Пејпар Мил“ по испуштање обоени отпадни води
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?