Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Филипче: Сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест за патување во Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Филипче: Сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест за патување во Грција
Агровести

Филипче: Сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест за патување во Грција

Објавено 22/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Според најавите што Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР – тест што може да го направат во една од дваесетте лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

-Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест. Ние имаме листа од дваесетина овластени лаборатории кои стручната Комисија на Министерството за здравство и дел од Комисијата за заразни болести утврдиле дека работат во соодветни стандарди и тие лаборатории со издаден ПЦР тест, се разбира доколку е тој негативен, граѓаните ќе имаат можност да влезат во Грција. Сега чекаме и официјална потврда, а секако ја следиме и епидемиолошката состојба, изјави Филипче во интервју за ТВ Сител.

Дали со една доза на вакцината Астра Зенека ќе може да се патува во странство, министерот посочи дека таква одлука се уште нема, но таква одлука има и така функционира Велика Британија.

-Таа тоа го дозволи поради две работи, прво за пократко време да бидат вакцинирани што поголем број граѓани, но во исто време потврдувајќи дека само една доза создава сосема доволна количина на антитела и веќе 2-3 недели после вакцинацијата граѓаните се целосно заштитени, рече министерот.

Извор: МИА



Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грција
Претходен напис (ВИДЕО) Теле со две глави се роди во Македонија
Следен напис ДИЖС и Амбасадата на САД заеднички го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?