Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија во населба Беровско Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија во населба Беровско Езеро
Агровест

Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија во населба Беровско Езеро

Објавено 16/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија, секундарна и примарна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро. Од Општината информираат дека станува збор за приоритетен проектот кој е истакнат како приоритет на средбите кои во изминатиот период се реализирани со сопствениците на викендички од туристичката населба Беровско Езеро.

– Општина Берово продолжува интензивно да работи во насока на развој и подобрување на условите за туризам. За таа цел потпишан е договорот за „Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“. Проектот е истакнат како приоритет и на средбите со граѓани, кои што беа остварени во процесот пред креирање на општинскиот буџет за 2021 година, истакнаа од Општината.

Истиот според надлежните ќе понуди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичката населба Беровско Езеро.

-Во рамки на реализацијата на договорот иститот ќе биде изграден на потегот помеѓу веќе постоечките резервоари и во значителна мера, ќе ги подобри условите за развој на туризмот. Туристичката населба Беровско Езеро, во моментот има дел од секундарна мрежа, но со новата линија ќе се обезбедат количини, со кои ќе се покрие преостанатиот дел од населбата и домаќинства. Низ целата мрежа, се предвидени воздушни и испусни вентили, сместени во посебни шахти или се комбинирани, додадоа од Општината.

Во проектот како што додадоа се предвидени и подземни против пожарни хидранти. Средствата во износ од околу 7,1 милион денари се обезбедени од Европска инвестициона банка и Владата на РСМ, а целокупната постапка е спроведена преку Министерството за транспорт и врски.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:беровско езро
Претходен напис Лушпа од јајце како ѓубриво
Следен напис Доаѓа време на вработувања врз основа на вредности, а не што имате во CV-то
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?