Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Боранија – Со добра и навремена агротехника до одличен квалитет и принос
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Боранија – Со добра и навремена агротехника до одличен квалитет и принос
Растително производство

Боранија – Со добра и навремена агротехника до одличен квалитет и принос

Објавено 16/04/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потекло  значење и ботанички особини

Боранијата (Phaseolus vulgaris) спаѓа во групата на мешункасти зеленчуци. Потекнува од Мексико, а во Европа е донесена во 16 век и за исхрана се препорачува поради своите биолошки и лековити состојки. Денес таа се користи за исхрана скоро во сите земји во светот. Боранијата е едногодишно растение, има добро развиен вртенаст корен, стеблото и е зелесто и различно разгрането. Плодот е мешунка со различен облик и големина, или овална, плосната, прави и повиени, а по боја ги има повеќе сорти и тоа зелени, жолти и шарени. Во нашите климатски услови Боранијата најдобро успева како рана пролетна култура, кога има поволни услови за одгледување, а се одгледува и под пластеници за порано и побрзо производство. Може да се одгледува и во планински региони над 700 метри надморска височина, или како есенска, односно втора култура во ниските места.

Таа е топлољубива култура, не поднесува ниски температури така што страда и од најслаба слана, измрзнува веке на -1 степен Целзиусов. Семето рти и никне на температура над 10 степени Целзиусови, затоа сеењето не треба да се врши сè додека почвата не се затопли добро. Оптимални услови за растење на растението се 20-250C а никне за 5-6 дена после сеењето.

Летните високи температури над 300C, но и ако воздухот е сув, многу штетно делува на растението, му смета на оплодувањето на цветовите и заметнувањето на мешунката. Таа бара доста светлина посебно во раните фази од развојот, за да не дојде до исциглување кое подоцна се одразува на приносот. Боранијата има големи потреби од почвена и воздушна влага, во нивен недостаток доста го намалува приносот и квалитетот на мешунките, но и преголема влажност проследена со ладно време исто е штетна, предизвикува масовно опаѓање на цветовите и други пореметувања, што значи на боранијата најмногу и одговара умерено релативна влага на воздухот некаде од 60-70 %.

Почва – Таа успева на различни почви, но најпогодни и се оцедни и плодни почви со доста хумус, но поради осетливоста на болести најдобри и се положби на површини со благо струење на воздухот. Осетлива е на јако кисели почви, и не треба да се одгледува на почви под 5,5 pH. За рано пролетно сеење поволни се топли и лесни почви. Што се однесува до плодоредот, боранијата на иста површина не треба да се врати 3-4 години, најдобри предкултури и се окопните култури. 

Сорти – Се користат и одгледуват повеќе сорти, ниски високи како и со жолти зелени мешунки. Кај нас повеќе се одгледуваат жолтите сорти, иако зелените сорти се поквалитетни. Повеќе се одгледуваат ниските сорти, нивното производство е поедноставно и поевтино, но не е изоставено и одгледувањето на сорти високи кои се лозат и од ниските и од високите сорти ги има повеќе, зависи од начинот на кој сакаме да одгледуваме.

Ерусалимска е висока сорта со жолта мешунка, родна 150-180кгр/100м2 за берба пристигнува 65-70 дена. Оваа сорта повеќе се користи за домашни потреби, има неограничен пораст и е со долга вегетација и може да се користи преку целиот летен и есенски период. Оваа сорта се сее во мај на растојание 80х50 см со 3-4 семки во огниште и покрај секое огниште се поставува колец со висина околу 3 метри.

Ниски сорти со жолти мешунки се златен молив, која втасува за 55 дена, вики, берголд втасува за 45-50 дена, паланечка рана, златен дожд и други. 

Ниски со зелена мешунка се сортите: Провајдер, Топ кроп 45 дена/принос 100-120 кгр./100м2, Харвестер 55-60 дена, Панонка 55 дена,  Сакса, Нијагара и многу други.

Обично се избираат сорти со покуса вегетација, а такви сорти се Берголджолта, топкроп-зелена и други сорти. Боранијата најчесто се одгледува во редови и тоа на растојание меѓу редовите 50-60 см и во редот 5-7 см, но може и се уште некаде се практикува на помали површини садење во огништа со растојание некаде 50 х 30 см, а во секое огниште се стават 4-5 семки

Боранијата се сее на длабочина од 3-6 см, а во зависност од големината на семето и густината на сеење за еден декар потребно е 8-15 кг семе. За есенска употреба како и за конзервирање се одгледуват покасни сорти, обично како втора култура после спанаќ, ротквици, ран компир, салата и други окопни култури но сеењето да биде најдоцна до крајот на јули. И во овој период има одлични услови за одгледување на боранијата, таа добро се оплодува и дава многу квалитетни мешунки и приносот е поголем. 

Со оглед на кратката вегетација боранијата е интересна култура за  одгледување и во заштитени простори и тоа најчесто во тунели се сеат ниски сорти во зависност од реонот и временските услови се сее средината на март. При одгледување во есен или пролет може да се користат пластеници без затоплување, а во текот на зимата или рана пролет мора пластениците да се загреваат, бидејќи боранијата е топлољубива култура кај која за растење и развивање и е потребна температура од 20-22 C0.

Приносите од ниските сорти варираат од 800-1400кг/еден декар, а кај високите од 1500- 2000кг/еден декар.

Хранливи и лековити својства  

Боранијата е богата со витамин К и е многу здрав и хранлив зеленчук, кој во облик на сочни мешунки во полузрела состојба се користи во исхраната. Благодарение на нејзините биолошки и лековити својства зазема значајно место на нашата трпеза. Се препорачува да се готви бидејќи свежа има штетни состојки. Освен со К, богата е со калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, манган и кобалт. Исто изобилува со витамини Ц и Е, а во најголема мера содржи витамин К. Заради својот специфичен состав претставува совршена намирница за регулирање на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Дипл. инг. агр. Катерина Колева 

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:боранијаквалитетпочвасорти
Претходен напис Индекси на цените во земјоделството, март 2021 година
Следен напис Лушпа од јајце како ѓубриво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?