Примероците од вода земени за микробиолошка анализа од 43 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти во неделниот извештај ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 јуни зел 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.
МИА
