Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јапонија ќе испушти во морето милион тони контаминирана вода од „Фукушима“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јапонија ќе испушти во морето милион тони контаминирана вода од „Фукушима“
Агровести

Јапонија ќе испушти во морето милион тони контаминирана вода од „Фукушима“

Објавено 13/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јапонската Влада објави дека планира да пушти во морето повеќе од еден милион тони контаминирана вода од уништената нуклеарна централа „Фукушима“, една деценија по хаваријата.

Водата претходно ќе се третира соодветно за да се минимизираат нивоата на зрачење. Сепак, локалното население и пред сè оние кои работат во риболовната индустрија, како и жителите на Кина и Јужна Кореја се против овој план.

Во моментов, радиоактивната вода се прочистува со комплексен процес на филтрација што отстранува поголем дел од радиоактивните елементи, но некои од нив сè уште остануваат.

По филтрацијата, водата се складира во големи резервоари, но проблемот е во тоа што на операторот на електраната, Токио електрик пау ко (TepCo), му снемува простор просторот за собирање на водата. Се очекува резервоарите да бидат пополнети до следната година.

Во резервоарите се наоѓаат 13 милиони тони радиоактивна вода, што е доволно за да се наполнат 500 олимписки базени, пренесува Би-Би-Си.

Испуштањето вода во морето треба да започне за две години, а целиот процес ќе трае со децении.

„Претпоставувајќи строго почитување на регулаторните стандарди кои се утврдени, избравме да испуштаме вода во океанот“, се вели во соопштението на јапонската Влада.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа одлука на Јапонија сигурно ќе ги налути соседните земји.

Јужна Кореја веќе изрази „сериозна загриженост дека тоа ќе има директно и индиректно влијание врз безбедноста на луѓето и животната средина“, а Кина смета дека станува збор за многу неодговорен потег. Тајван исто така изрази незадоволство.

Извор: slobodnaevropa

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нуклеарен отпшадфукушима
Претходен напис Пашканат: Зеленчук од кој се користат и коренот и листовите
Следен напис Битиќи: Ако се утврдат неправилности при пораст на цените на одредени производи, ќе бидат преземени мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?