Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали ќе поскапи свинското месо ако Македонија добие можност за извоз на пазарите во ЕУ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Дали ќе поскапи свинското месо ако Македонија добие можност за извоз на пазарите во ЕУ?
Сточарско производство

Дали ќе поскапи свинското месо ако Македонија добие можност за извоз на пазарите во ЕУ?

Објавено 05/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го чека одговорот од Европската Комисија (ЕК) и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), со кој ќе добиеме статус на земја слободна од болеста класична свинска чума, а тоа ќе ги отвори вратите за извоз на живи свињи, свинско месо и македонски производи од свинско месо на европскиот пазар. Лани на 1 октомври, една година по прекинот на превентивната вакцинација против оваа болест, АХВ го достави Досието до ЕК и ОИЕ, со што и официјално аплицираше за дозвола за слободен извоз. Во ЕУ, класичната свинска чума е искоренета, а превентивната вакцинација е забранета како мерка.

-Во досието детално е наведена состојбата со болеста во земјава, постоечките контролни системи и поставеноста на ветеринарната служба, надзорот кој се спроведува од кога е престаната вакцинацијата, како и другите податоци релевантни за добивање на статусот – велат од АХВ за „Слободен печат“.

Првиот дозволен извоз на македонско свинско месо на европските пазари ќе биде одлична вест за домашните фармери, кои со години произведуваат и во целост ги намируваат потребите на домашните потрошувачи. Но, тоа од друга страна, може да предизвика и недостиг од овој месо во домашните медсарници, предупредуваат производителите.

-Ако добиеме можност за извоз на пазарите во ЕУ, може да се појави дефицит и повисоки цени. Пазарот во Македонија е мал, но нашите фарми се можеби на повисоко техничко и биосигурносно ниво од европските, па затоа ќе нудиме екстра квалитет на пребирливите европски купувачи – вели за „Слободен печат“, Гоце Трајчев, управител на МИК Свети Николе.

Минатата година во кланичните капацитети во земјава заклани се 220.038 товеници (свињи и прасиња). Споредбено со изминатите години, оваа сточарска гранка бележи годишен раст на производството на товеници од 10-15 проценти- информираат од АХВ.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:извозсвинска чума
Претходен напис По наредба на АХВ повлечен спорниот замрзнат зеленчуков микс од КАМ маркетите
Следен напис Бензините поскапуваат за еден денар, цената на дизелот останува иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?