Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се зголемува глобалното производство на житарки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агроберза > Се зголемува глобалното производство на житарки
Агроберза

Се зголемува глобалното производство на житарки

Објавено 01/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според последниот извештај на Меѓународниот совет на житарки (МГГ), глобалното производство на житни култури во периодот 2020/21 година ќе се зголеми на рекордни 2,224 милијарди тони.

Според последниот извештај, приносот на пченица може да биде 774 милиони тони, а на пченката 1,139 милијарди тони. И покрај проекциите за рекордно производство, Советот очекува четврто последователно намалување на светските залихи, на 609 милиони тони, што е за осум помалку отколку во периодот 2019/20. Исто така, велат дека намалувањето е последица на продолжување на потрошувачката на залихите на пченка.

Се предвидува трговијата да достигне рекордни 416 милиони тони, што е 22 милиони тони повеќе во однос на претходната година, со предвидени испораки на пченица и пченка на рекордно ниво.

Главно поврзана со повисокиот учинок во САД и Бразил, очекуваното светско производство на соја во 2020/21 година се искачува на 361 милиони тони, што е за седум милиони тони повеќе од претходната година.

Кина најголем купувач на соја

„Со оглед на тоа што се очекува потрошувачката да се зголеми, залихите на соја паѓаат втора година по ред, а резервите на САД се должат на големиот извоз“, наведуваат тие. Исто така, според нивниот извештај, трговијата со соја ќе остане стабилна и ќе се тргува со 170 милиони тони. Дури 100 милиони тони соја се планира да бидат испорачани во Кина.

Со повисоките вредности што веројатно ќе резултираат со значителен одговор на понудата, светските површини засеани со ова маслодајно растение може да се прошират за четири проценти во периодот 2021/22, додека производството се зголемува на 383 милиони тони.

Што се однесува до оризот, неговото производство ќе порасне за еден процент, а се проценува на 504 милиони тони глобално. Се предвидува и раст на неговата трговија за четири проценти на годишно ниво.

Индексот на житарките и маслодајните растенија на IGC, кој ги мери просечните цени, падна за три проценти во март. Сепак, цените на овие култури сè уште се на високо ниво во споредба со претходните години.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
Светското производство на жито на рекордно ниво: Што се очекува од пченицата во 2026 година?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Европските земјоделци се залагаат за украинска царина од 10% на сончоглед, соја и репка
Спремете се за претстојната сезона: ВАКУМСКА СЕАЛКА ЗА ПЧЕНКА- OZDOKEN
Таг:житаркиоризпченкасоја
Претходен напис Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Следен напис Зоран Заев: Со потпишаните договори за инвестиции во Александруполи ја осигуруваме енергетската иднина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?