Бербата на пролетната зелка, во полн ек ќе биде на почетокот на месец април, а првите количини деновиве веќе пристигнуваат во откупните пунктови во струмичко.
Земјоделците на стартот на откупната сезона велат дека се задоволни бидејќи, зелката пред неколку дена се откупувала за 35 денари по килограм , а денеска е 33 денари. Тие се надеваат дека оваа цена ќе се задржи уште некое време.
На самиот старт на откупот и пласманот, реални се очекувањата цената да биде повисока, но ако до крајот на производствениот период истата не падне под 20 денари за килограм земјоделсците велат дека би биле сосема задоволни.
Во струмичкиот регион покрај откупот на пролетната зелка во тек е откупот и на зимската зелка која се откупува за 8 денари за килограм.
