Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кога и како се реже црната рибизла?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Кога и како се реже црната рибизла?
Совети

Кога и како се реже црната рибизла?

Објавено 03/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Црните рибизли се режат во текот на зимското мирување т.е отпаѓањето на лисјата па сè до почетокот на вегетацијата. Во пракса се применуваат две режења: есенско и пролетно, а поретко и летно. Црната рибизла при режењето може да се формира во облик на обична грмушка, вазна или шпалир.

Време на резидба

Есенското режење се практикува на постари грмушки, како и во поголеми насади, бидејќи во нив, поради големината, режењето не би можело да се изврши напролет, зашто црната рибизла многу рано почнува да се разлистува.

Пролетната резидба се изведува во помали насади и тоа многу рано, по можност на почетокот на март.

Летната резидба ретко се применува. Се состои во тоа што на средината на јуни едногодишните стебла се скратуваат за 1/5 – 1/4, поради избивање на младите изданоци, со што се зголемува родноста во наредната година. Оваа резидба дава задоволителни резултати само во некои сорти црна рибизла.

Форми на резидба

Обична грмушка

Ова е најстара, најраширена и воедно најлесна форма на формирање на круната на рибизлата. Во оваа форма се гранките (односно стеблата) во грмушка правилно распоредени на сите страни и заземаат различни положби – од вертикални и коси до сосема хоризонтални.

Вазна

Разликата помеѓу обликот на обична грмушка и вазна се состои во тоа што во вазната редовно се отстрануваат централните гранки (стебла) кои растат нагоре. Ваквата форма на круната во внатрешноста е празна и има изглед на вазна или чаша, по што и го добила името. Оваа форма се препорачува само за места кои не се доволно осветлени.

Форма на шпалир

Кај оваа форма на круната сите гранки се наоѓаат во едно ниво и задолжително се врзуваат за жица. Обично се поставуваат два реда жица: на 40 и 80 см над земјата. Оваа форма на круната се формира од помал број гранки, поради што и помала е продуктивноста, но гроздовите од рибизла се покрупни и поквалитетни. Се применува најчесто во градините, обично покрај ограда, ѕидови, патеки или алеи.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:Режењецрна рибизла
Претходен напис Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Следен напис Делчево добива современа метеоролошка станица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?