Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Делчево добива современа метеоролошка станица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Делчево добива современа метеоролошка станица
Агровести

Делчево добива современа метеоролошка станица

Објавено 03/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Конечно во Делчево, УХМР Скопје ќе ја постави првата автоматска метеоролошка станица  (АМС) со намена за автоматска обсервација и пренесување на метеоролошките податоци. За реализацијата на овој проект, деновиве Договор за соработка потпишаа Општина Делчево и УХМР Скопје. Автоматската метеоролошка станица ќе биде поставена на соодветна локација во  населбата Шумски расадник во населба Ново Делчево.

Согласно со податоците од УХРМ, автоматската метеоролошка станица претставува набљудувачки систем составен од повеќе автономни уреди коишто вршат мерења, а  податоците се читаат и добиваат од централната единица за аквизиција и се пренесуваат до корисникот.

АМС се состои од хардверски и софтверски дел. Поголемиот дел од хардверскиот дел е сместен во специјална надворешна куќичка, а ги подразбира:

– сензорите кои  го вршат мерењето,  инсталирани и поврзани со централниот систем преку кабли;

– централен систем за прием и обработка на податоците од сензорите според соодветни алгоритми и во формат погоден за дисплеј;

– периферна опрема  и уреди, како што се извори за постојано напојување на електрична енергија, вградени уреди за автоматско мониторирање на статусот на виталните функции на станицата, уреди за пренос на податоци на далечина.

Еден ваков мерен систем ги мери следните метеоролошки параметри:

– температура на воздух,

-релативна влажност на воздух,

– атмосферски притисок,

-правец и брзина на ветер,

 -сончево зрачење,

– количина на врнежи и сл.

Овој мерен систем има можност за надоградба за мерење со можност за надоградба.

Мерењата се вршат според важечки прописи на Светската метеоролошка организација (СМО) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Извор: МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:делчевометеоролошка станица
Претходен напис Кога и како се реже црната рибизла?
Следен напис Пазар на житарки – Цените на пченицата би можеле да надминат 400 евра за тон?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?