Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците задоволни: Пиперката „ајварка“ годинава со одлична цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Земјоделците задоволни: Пиперката „ајварка“ годинава со одлична цена
Пазари

Земјоделците задоволни: Пиперката „ајварка“ годинава со одлична цена

Објавено 29/10/2019
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжува побарувачката и на крајот од сезоната за црвената пиперка „ајварка“ во Струмичко, која се откупува од 18 до 30 денари за килограм во зависност од квалитетот.

-Преработувачите плаќаат од 18 денари за трета категорија пиперка до 30-32 денара за прва класа исчистена во гајби. Иако бербата на „ајварката“ е пред крај и ја има само под пластеници, сепак мора да се каже дека од овие откупни цени сме задоволни, вели Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Преработувачите потврдуваат дека и на крајот на сезоната „ајварката“ се откупува по повисока цена, која ја зголемувата и цената на нивното производство.

-Добро е што имавме убави временски услови и заради тоа имаше постојан откуп на оваа пиперка. Нашата компанија откупува исклучиво прва класа, бидејќи ја обработуваме во филети. Откупните цени се повисоки и затоа се одразува на прозводствените цени. Ги информираме нашите деловни партнери од странство дека цените се покачени заради повисоките откупни цени на суровините, информира Киро Јовов, сопственик на „Агро-комерц 92“ од Струмица.

Годинава во Струмичко од отворено и под пластеници се набрани 50 илјади тони пиперка „ајварка“, што во споредба со минатите години е помалку за 10 илјади тони.

MИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Војната на Блискиот Исток со диркетно влијание врз цената на ф’стаците: „Зеленото злато“ е најскапо во последните осум години
Таг:ајварказемјоделциквалитетодличнацена
Претходен напис Фактори кои Влијаат на производството на овчо млеко
Следен напис Совети за почетници: Задолжителни есенски работи во органската градина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?