Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фактори кои Влијаат на производството на овчо млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Фактори кои Влијаат на производството на овчо млеко
АгровестСточарско производство

Фактори кои Влијаат на производството на овчо млеко

Последна измена: 29/10/2019 12:37
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Постојат неколку фактори кои влијаат врз производството на млеко, односно млечноста кај овците. Пред се, многу важна е генетската основа, условите за исхрана и здравствената заштита. Дознајте кои се 5 фактори кои во најголема мера ја одредуваат млечноста кај овците. 

1. Расата на овците

 Од големо значење за производство на млеко е самата раса на овци, под услов да постојат минимални услови за да дојде до израз на генетски потенцијал. Најмлечните раси на овци се Источно Фризиска, Аваси, Лакон, Сардиниска и други.

2. Вкрстени раси на овци

 Вкрстувањето на различни раси на овци е брз и ефикасен начин за зголемување на производството на млеко. Од сите млечни раси, овците од Источно Фризиската раса ја имаат  особината за пренос на високата млечност при вкрстувањето со другите раси.

3. Возраста на овците

 Возраста на овците е исто така многу важна за производство на млеко. Овците кои за прв пат се јагнат и оние постари од 8 години, имаат значително помала количина на млеко. Максималната количина на млеко кај овците со помала млечност се добива помеѓу 3-тата и 4-тата лактација. Млечните раси кои имаат поголема количина на млеко, најпродуктивни се помеѓу 3-тата и 6-тата лактација.

4. Тип на раѓање

 Типот на раѓање има значително влијание врз вкупната количина на млеко за време на лактацијата. Исто така утврдена е и позитивна врска помеѓу бројот на родени јагниња и млечноста на мајката. Оние овци кои се јагнат со две, три или четири јагниња, при цицањето делуваат стимулативно на млечните жлезди и даваат повеќе млеко, отколку оние кои родиле и доеле едно јагне. Разликата во добиената количина на млеко е 25-30%.

5. Исхраната на овците

 Исхраната на овците мора да биде соодветна и прилагодена со цел да се постигне максимално производство на млеко. Оброкот мора да биде комплетен во квантитативна и енергетска смисла. Исто така, мора да изобилува со разновидни хранливи материи и нивните биолошки вредности, а пред сè протеинските супстанции.

„Современо Земјоделство“

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
(ВИДЕО) Илиевски : Задоволни сме од производството, со напорна и сложна работа, успехот е загарантиран!
Во Црна Гора регистриран сомнителен случај на бруцелоза кај овци
(ВИДЕО) ЗК Пелагонија инвестира во овчарството: Фармата со 920 овци од расата Асаф за две години треба да се зголеми на 3000 грла
Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
Таг:бачиломлечностовцирасасовет
Претходен напис (ВИДЕО) Берба во овошен насад, ама каков насад…
Следен напис Земјоделците задоволни: Пиперката „ајварка“ годинава со одлична цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?