На ниво на ЕУ 40% од жените работат на семејните земјоделски стопанства, самовработени се 37 % и водат една третина од фармите. Со други зборови, во овој сектор имаат огромно влијание, но и наидуваат на големи препреки, а тоа го потврдија и учесничките на конференцијата „Жените во земјоделството“, која ја организираше „Women in Adria“.
„Жена претприемач во Хравтска, таа состојба не е баш доискажана. Тешко ни е. Знам многу кои имаат идеи, сакаат да ги остварат, проектот држи вода, но тешко е да се дојде до средства“, вели Марина Добошиќ, една од говорничките на конференцијата, сопственичка на земјоделско стопанстви и на брендот „Тикваричи“ од Жабница.
Младите се иднина на земјоделството
На својата фарма, со помош на семејството произведува масло од тиква и од семки од тиква, а со производство почнале во 2009 година. Марина признава дека првата година биле во долгови бидејќи не знаеле на кој начин да ја одгледуваат, кои семки се најдобри. Но кога почнале другата година, пронашле начини тоа да биде исплатливо. Денес во својот асортиман нудат разни иновативни производи.
Исто така, отворила и две продавници со производи од својата, но и од други фарми, а во план и е, кога ќе попуштат мерките, да отвори и селски ресторан финансиран преку Програмата за рурален развој „Поддршка за вложување во започнување на неземјоделски дејности“.

„И сама поминав две дополнителни училишта за производители и преработувачи“, истакнува Добошич и додава дека сака да им помогне на другите земјоделци да остварат некои мерки бидејќи и сама на својата кожа почувствувала колку тоа знае да биде тешко и колку бара целиот тој процес.
„Понекогаш треба да бидеш луд, многу да работиш и да не се откажеш. Сметам дека смислата за хрватското земјоделство е во младите“, порачува таа.
Инаку, Марина во 2016 година ја понела титулата најпримерна селска жена на Загребската жупанија и го освоила второто место на Државниот избор.
Жените носителки на земјоделството во 21 век
Инспиративна приказна за жената во земјоделството раскажала и економистката Ивана Периќ која во соработка со колешката Деана го основала земјоделското стопанство Спар.

Се започнало во 2009 година кога на Деана и е дијагностицирана болест поради која била приморана да се повлече во пензија. Бидејќи не сакала болеста да го надвладее нејзиниот ведар дух, одлучила на земјата од дедо и да направи маслинарник и да се посвети на него. Во почетокот примарен производ било маслиновото масло, но набрзо дошла на идеја од него да направи и дополнителни производи. Денес во понудата имаат од автохтоната рецептура и домашни намирници, Ускочка погача, Клишка штрудла, Спар (колач со маслиново масло) по кој го нарекле – земјоделското стопанство.
Ивана се вклучила уште како средношколка. Заедно со Деана посетувала саеми и продавала производи.
„Често ме прашуваат од каде економистка во земјоделството? А зошто да не? Не постои причина зошто високообразованите луѓе не би работеле во земјоделството“, вели Ивана заклучувајќи дека иновативноста, креативноста и брендирањето во земјоделството не се само можни туку неопходни и потребни за да успеете“.
Иако болеста и се влошила, Деана тоа не ја спречува да ги извршува работите, а неодамна учествувале во проектот „Стартувај Хрватска“ кој ги поттикнува малите стопанственици и помага во пласирање на производите на пазарот.
Од факултетска клупа до висока позиција
Една од говорничките била и директорката на хрватско-белгиската компанија „ИПС консалтинг“, Ана Марија Шпицнагел Ќурко, која се посветила на специјализација во областа „зелени проекти“ во секторот земјоделство и прехранбена индустрија. На конференцијата заедно со Барбара Ѓукиќ го претставила проектот Nutri2Cycle кој како што објаснуваат, го анализира текот на кислородот и јаглеродниот диоксид и постоечките технологии на разни земјоделски стопанства во делови на Европа.
„Проблем на ЕУ земјоделското производство е висок придонес на емисијата на стаклени гасови и неделотворната употреба на јаглен и хранливи состојки“, истакнува Шпицнагел Ќурко.
Инаку главна цел на оваа конференција е промоција на жените во земјоделството, поттикнување на самовработување, поддршка во проекти кои придвижуваат и водат и мотивација за понатамошна борба и раст.
Иавор: agroklub.com
