Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИЕА: Цените на нафтата нема да имаат континуиран и драматичен раст
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ИЕА: Цените на нафтата нема да имаат континуиран и драматичен раст
Агровести

ИЕА: Цените на нафтата нема да имаат континуиран и драматичен раст

Објавено 18/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека цените на „црното злато“ веројатно нема да растат драматично и континуирано, и покрај очекувањата дека кампањите за вакцинација подоцна, во текот на годината, ќе ја зголемат побарувачката за нафта.

„Остриот скок на цената на нафтата, до блиску 70 долари за барел, беше поттикнат од приказните за нов суперциклус и од недостигот на понуда. Нашите податоци и анализи укажуваат на спротивното“, наведува ИЕА во својот месечен извештај, пренесуават британските медиуми.

Количествата нафта во залиха и натаму изгледаат огромни во споредба со историските нивоа, и покрај нивното постојано намалување. Покрај големите залихи, изградени се и голем број резервни производствени капацитети, како резултат на ограничените испораки од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, групата популарно наречена ОПЕК +, се наведува во извештајот.

Оваа неформална нафтена алијанса овој месец одлучи во голема мерка да ги задржи ограничувањата во производството, зголемувајќи ја побарувачката на пазарот и поттикнувајќи некои инвеститори да предвидат нов суперциклус – силен повеќегодишен раст на цените.

„Изгледите за зголемена побарувачка и континуирани ограничувања на производството на ОПЕК + сугерираат посилен пад на залихите во текот на втората половина од годината. Меѓутоа, засега има повеќе од доволно нафта во магацините и под земја за да се одржи адекватното снабдување на глобалниот пазар“, додава организацијата со седиште во Париз.

Тасс ја пренесе проценката на ИЕА, според која Русија може до 2026 година да го зголеми производството на „црното злато“ за 0,7 милиони барели дневно, на 11,3 милиони барели.

„Во текот на 2021 година, ќе дојде до умерено зголемување на производството на нафта во Русија поради продолжувањето на ограничувањата согласно договорот ОПЕК +. Значително зголемување на испумпувањето се очекува во 2022 и 2023 година, по укинувањето на ограничувањата, што ќе овозможи враќање на производството на нивото пред намалувањето”, оцени ИЕА, наведе руската агенција.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:цена
Претходен напис Времето денеска облачно со слаб ветер и температури до 14 степени
Следен напис Жените управуваат со една третина од фармите на ниво на ЕУ, а 37% од нив се самовработени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?