Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година (Сл. Весник на РСМ бр. 15/21), Министерството за економија на 10.03.2021година објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на занаетчии
Предмет на овој јавен повик е субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност , преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000,00 денари по апликант направени за следните намени:
-Набавка на опрема и алати
-Уредување/подобрување на деловниот простор
Ќе бидат субвенционирани докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2020 и 2021 година.
Апликантите кои ќе бидат субвенционирани, по основ на оваа подмерка за набавка на опрема, ќе имаат обврска истата да не ја отуѓуваат, најмалку две години од денот на добивањето на субвенцијата.
Право на учество имаат Занаетчии и вршитли на занаетчиска дејност Регистрирани согласно Законот за занаетчиство, кои ги исполнуваат следните услови:
-Не биле субвенционирани преку Министерството за економија по јавните повици објавени во 2020 и 2021 година и тоа
- Јавен повик е субвенционирање на претпријатија кои се во сопственост на жени и управувани од жени
- Јавен повик е субвенционирање на занаетчии
- Јавен повик е субвенционирање на микро , мали и средни претпријатија
-Да не го надминуваат максималниот дозволен износ од 200.000 евра од вкупно добиена помош за период од три фискални години, согласно Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (Сл. Весник на РМ бр. 141/2011).
-Да имаат работење во траење од најмалку 3 месеци пред објавувањето на јавниот повик
-Да има деловно седиште на територијата на РСМ
-Да има измирено обврски кон државата и вработените
-Да има статус на активно претпријатие над кое не е покрената активна постапка за стечај или ликвидација
Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е 30.04.2021 година.
Јавниот повик, заедно обрасците потребни за аплицирање во целост е објавен на веб страницата на Министерството за економија.
