Тутунарите од петте новоформирани здруженија денеска повторно го блокираа патниот правец Прилеп – Плетвар во траење од два часа во периодот од 12 до 14 часот. Меѓу другото тие бараа побрзо да се откупи вишокот тутун по цени и класи како досега, а со новата реколта да нема увоз, но да има повисоки цени и количествата да бидат како ланските.
Координаторот на четирите новоформирани тутунски здруженија, Игор Мирчески ги изнесе барањата за новата реколта тутун во која главно треба да има повисоки цени, а произведените количества да бидат на ниво на ланските.
Тутунарите од петте новоформирани здруженија велат дека ќе истраат со барањата кои ќе ги достават до Министерството за земјоделство и Владата, а бараат да бидат вклучени во разговорите за новата реколта, пренесува МИА.
Протест на тутунарите и блокада на патниот правец Прилеп – Плетвар
Остави коментар
Остави коментар
