При процесот на врзување на изданоците на малината се препорачува да се врзуваат само здравите изданоци со витални пупки кои се еднакво развиени.
Вишокот изданоци треба да се исечат до основата и да се изнесат од насадот.
Агрономите потсетуваат дека е многу важно да се отстранат ластарите со симптоми на растителни болести и инфицираните ластари со штетни организми.
Треба да се обрне внимание на белите испукани ластари, односно ластарите кои се заразени со предизвикувачот на виолетовата пегавост на изданоците на малината, Didimela applanata и со Lasioptera rubi.
При врзување треба да се води сметка за тоа на 1 метар шпалир да се врзат 4 до 6 квалитетни изданоци.
Третман со бакарен препарат
По врзување на изданоците потребно е да извршите третман со бакарен препарат. Со цел намалување на инфективниот потенцијал на презимувачките форми на предизвикувачите на вирусни и бактериски болести се препорачува третман со некои од следните бакарни препарати, пренесува Полјосфера:
Еверест (a.м. бакар оксид) 0,4% или
Нордокс 75 WG (a.м. бакар оксид) 0,2% или
Купрозин 35 WP (a.м. бакар oксихлорид) 0,35%.
Со цел сузбивање на презимувачките форми на штетни инсекти, препорака е примена на препарати на база на минерално масло Галмин 2%.
Можна е и примена на препарат кој веќе е готова комбинација на бакар и минерално масло како што е сино масло во концентрација 2%.
