Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова средба за договорно производство на пченка во петок, село Новаци – Битолско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Нова средба за договорно производство на пченка во петок, село Новаци – Битолско
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Нова средба за договорно производство на пченка во петок, село Новаци – Битолско

Објавено 17/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Третата трибина од кампањата за Договорно производство на пченка во организација на АГРОТИМ, компанијата „Голд Ланд“ и земјоделското здружение „Современо земјоделство“, ќе се одржи во 12 часот, во село Новаци, Општина Новаци- Битола.

На средбата ќе стане збор за начинот на откуп, условите и загарантираната цена на пченката.

На досега одржаните трибини во Битола и Кривогаштани сопственикот на „Голд Ланд“, Арбен Абдурахмани на земјоделците, во една пријателска атмосфера, им ги објасни условите под кои ќе ја откупува пченката, со простор за заеднички договор околу загарантираната цена која ќе ја пишува во договорот.

-Она што ви нудиме како компанија е гарантиран откуп, со договор во кој ќе има загарантирана минимална цена под која нема да се оди. Доколку цената за време на откупот биде повисока, ние ќе ви ја платиме повисоката цена. Исто така предноста која ја нудиме е плаќање истиот ден кога ќе ја донесете пченката. Доколку е пред 13 часот, парите ќе бидат на ваша сметка истиот ден, ако ја предадете пченката после 13 часот, средствата ќе ги имате следниот ден – изјави Абдурахмани.

На средбата ќе се разговара за условите кои ги нуди откупувачот „Голд Ланд“, очекувана цена на пченката и другите информации потребни за склучување на договорот помеѓу земјоделските производители и откупувачот.

Со оглед на протоколите за заштита од Ковид -19, бројката на присутни земјоделци е ограничена.

За да го резервираме вашето присуство, ве повикуваме до среда до 16 часот да се пријавите во порака (инбокс) на фан страната на Facebook на Агротим или на Современо Земјоделство. Или едноставно пишете во коментар име и презиме, под оваа објава.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Иротова: Се обработуваат барањата за исплата на субвенциите за тутунарите, предност се дава на тие што предале до 2 тона тутун
Цените на пченицата и пченката растат: Еве што стои зад тоа и што да очекувате
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Таг:Земјоделствооткуппченка
Претходен напис Сточар од Србија го постави првиот млекомат во регионот, со капацитет од 100 литри млеко на ден
Следен напис ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со ИСО стандард за спречување на корупција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?