На почетокот на оваа година во Италија веќе имаше 18 снежни лавини, што е повеќе отколку во целата претходна година, известува Колдирети, најголема италијанска организација која ги штити интересите на производителите, а пренесува агенцијата Agi.
Снежните лавини предизвикаа голема штета и човечки жртви. Според извештајот од агенцијата, генерално, поради екстремните климатски промени, времето во Италија сè повеќе е слично на тропското, брзо се менуваат големите жештини, обилните дождови и студот.
Поради климатските промени страда земјоделското производство, токму овие денови на удар на ниските температури се зимски култури на зеленчук, а трошоците растат бидејќи поради температурите под нулата неопходно е дополнително да се загреваат структурите за одгледување на стока и зеленчук.
Земјоделското производство во Италија, поради невообичаените климатски промени во последните 10 години претрпело штета од околу 14 милијарди евра.
Извор: poljoprivreda.info
Земјоделското производство во Италија, поради климатските промени во последните 10 години претрпело штета од 14 милијарди евра
Остави коментар
Остави коментар
