Додека во природата има сè помалку пчели, во насадите со бадеми во Австралија започнуваат испитувањата со технологија на вештачко оплодување. Израелскиот старт-ап „Edete Precision Technologies for Agriculture“ започна во Австралија комерцијално теренско испитување на својот роботски систем за опрашување.
Теренските испитувања треба да почнат во август во насададите со бадеми во австралиската држава Викторија, по потпишување на договорот за еден од најголемите одгледувачи на бадеми.
Како функционира системот?
Во извештајот се наведува дека процесот започнува со механичко собирање на овошјето, одвојување на поленот од прашникот и останатите делови на цвеќето и производство на чист полен. Потоа генетички најдобро вклопениот полен се применува на соодветното дрво со помош на роботски систем за опрашување. Единиците за нанесување можат да работат во текот на денот или ноќта, независно од температурата на околината.
Од „Едета“ соопштуваат дека успешно ги завршиле теренските испитувања во насадите со бадеми во Израел, користејќи механичко собирање на поленот и роботен систем на опрашувачи, што резултирало со значително зголемени приноси. Компанијата исто така планира да воспостави оперативен центар во Калифорнија, кој ќе опслужува 7.400 производители на бадеми во таа сојузна држава.
„Австралија е втор по големина во светот производител на бадеми и продолжува да ги зголемува површините под овој вид овошје“, изјави Керен Мимран, соосновачка на „Едета“ и потпретседателка за деловен развој и маркетинг. Овој систем исто така може да опрашува фстаци, јаболка, цреши, круши и сливи.
Намалувањето на природните опрашувачи, особено на пчелите, доведе до интензивни истражувања како да им се помогне на овоштарите да постигнат оптимални приноси.
„Околу 75 проценти од светските посеви се произведени благодарение на тоа што се опрашени со инсекти. Без алтернативно решение за опрашување во наредните години, безбедноста на храната е загрозена, цената на храната веројатно нагло ќе порасне, а одредена храна може да стане недостапна“, изјави Керен Мимран.
Оваа технологија може да биде само алтернатива и глобално би требало да се направи сè за да се заштитат од уништување природните опрашувачи.
Извор: poljoprivreda.info
Нема доволно пчели? Дали во иднина ќе ги опрашуваме овошките со помош на роботи?
Остави коментар
Остави коментар
