Сортата нада настанала со хибридизација на сортата Стенли и Сколдус (Stanley и Scoldus), а е признаена во 2012 година.
Свеста за правилна исхрана е сè позастапена кај потрошувачите. Благодарение на високата содржина на биоактивни соединенија и благотворното влијание на здравјето, сливите можат да се окарактеризираат како билошки вредна намирница, а трендот на раст на побарувачката за суви плодови се забележува и на светскиот и на домашниот пазар.
„Од 18 сорти на слива создадени во Институтот за овоштарство во Чачак, по своите позитивни карактеристики и погодноста на плодот за различни намени, пред сè сушење, од ново создадените, посебно се издвојува сортата нада, вели за Глас, Западна Србија д-р Олга Митровиќ од чачанската научна установа.
Како што се истакнува на сајтот од Институтот, сортата нада настанала со хибридизација на сортите Стенли и Сколдус, а е признаена во 2012 година.
Помалку од 4 килограми свежа нада, за еден килограм суви.
Стеблото нада е со послаба бујност, со добра архитектура и отворени агли на гранките, крошната е со средна густина. Со оглед на бујноста, погодна е за насади со помало растојание за садење, а со самооплодување се остварува 13 отсто од финално зафатените плодови. Рано раѓа и е со обилна родност , сортата е толерантна кон вирусот шарка на сливата, а покажува блага чувствителност на предизвикувачите на пламеница и скапување на плодовите.
Плодовите се средно крупни до крупни (40-50 гр), со овален облик, со темно сина боја, имаат атрактивен изглед, вкусни се и со добар квалитет. Мезокарпот е со жолта боја, умерено цврст, сочен и ароматичен. Коската е со средна големина и целосно се одвојува од мезокарпот. Плодовите во просек содржат 16,50 отсто растворливи суви материи. Содржината на вкупните шеќери е 11,70 отсто, инвертни шеќери 8,35, сахароза 3,18 и 0,5 отсто вкупни киселини. Плодовите се погодни за свежа потрошувачка и преработка. Плодовите на оваа сорта во наши еколошки услови созреваат на средината на август.
„Многу важна карактеристика е и во текот на сушењето на плодовите да не доаѓа до течење на сокот. Рандманот на сушење е поволен, помал од четири, што значи дека за еден килограм суви сливи во просек е потребно помалку од четири килограми свежи“, објаснува Митровиќ.
Со оглед на квалитетот на плодови и останатите карактеристики, се очекува дека оваа сорта во наредниот период ќе заземе значајно место во сортите на сливи во Србија.
Извор: agroklub.rs
