Професор од Македонија заедно со свој колега од Бугарија издадоа книга за земјоделска механизација.
Книгата веќе е излезена од печат на бугарски јазик за Софискиот универзитет а за неколку месеци ќе биде достапна и за македонските студенти од земјоделскиот факултет.
Професор Давчев за Канал 5 изјави дека, книгата се работи неколку години и засега блокадата од Бугарија за Македонија и заострената реторика на тамошните власти , немале влијание врз нивните релации и научната соработка.
Покрај заедничката работа и коавторството на стручната литература, со бугарскита научна јавност се договара и соработка околу подготовка и адаптација на македонските закони кои треба да ги регулираат обврските на земјоделци во отворањето на поглавјата со европската унија. Бугарија овој пат го помина со одредени грешки кои потоа се менуваа и адаптираа вели професор Давчев па добро е ние тие грешки да ги согледаме пред време и полесно да го прилагодиме нашето земјоделство кон европското преку законите за тракторите и приклучната механизација.
Извор: Канал 5
