Како пролетни житни култури најчесто се практикува да се одгледуваат пролетен јачмен, пролетен овес, пролетен сточен грашок, луцерка, цревена детелина и сл. За сеидба на пролетни житни култури, најчесто се избираат области каде што во периодот есен – зима се направила основна обработка на почвата.
Бидејќи има краток период на вегетација и со години постигнува стабилни приноси, со пролетен јачмен најчесто се сеат поголеми површини отколку со пролетната пченица. Сеидбата на пролетниот јачмен треба да се планира од крајот на февруари, а последниот рок би бил крајот на март. Сеидбата се планира така што се избегнуваат доцните пролетни мразеви, за да не дојде до измрзнување на посевите. Сеидбата се прави со количина од околу 180 кг/ха семенски материјал. Стручњаците советуваат за предсеидбена употреба на азотни ѓубрива и тоа 70% од вкупно планираните количини.
Пролетниот овес има значајно место во вкупната сеидбена површина, поради тоа што се користи во производството на сточна храна и поради содржината на минерални материи. Се препорачува да се сее од 15 март до половината на април, бидејќи е најчувствителен на ниски темепратури. Сеидбата се прави со количина од околу 150 кг/хa , семенски материјал. Со оглед на тоа дека се произведуваат ограничени количини на пролетни жита, на производителите им се советува потребните количини на семе да ги обезбедат на време.
Пролетниот сточен грашок дава високи и квалитетни приноси со релативно скромни вложувања и за релативно кратко време. Во поглед на плодоредот пролетниот грашок за зрно нема посебни барања. Не е препорачливо пролетен гаршок да се сее после некоја друга легуминоза. Сеидбата на пролетен грашок треба да се планира што е можно порано, односно штом врменските услови и состојбата на земјиштето ќе го дозволат тоа. Во нашите агроеколошки услови оптималниот рок за сеидба е од 20 февруари до 15 март. Сеидбата на граорот пак, треба да се планира во последната декада на февруари па до крајот на март, зависно од метеоролошките услови. Се препорачува да се користи количината од 120 кг/ха семенски материјал. При изборот на сорти да се избираат сорти кои се потолерантнина доцните мразеви и кои се поотпорни на болести.
Сеидбата на луцерката и црвената детелина треба да се планираат подоцна. Оптималниот рок на сеидба на луцерката е втората половина на март или првата половина на април. Црвената детелина е нешто почувствителна на доцните мразеви и таа најчесто се сее ако временските услови го дозволат тоа и тоа најчесто во последната декада на месец март.
Луцерката е култура која е мнгоу чувствителна на киселоста на земјиштето, така да за одгледување на луцерка треба да се бира земјиште со pH реакција 6,0- 7,5. Со основната обработка треба да се изврши и основното ѓубрење и тоа 2/3 PK ѓубриво треба да се внесе во почвата со основната обработка, а остатокот од PK ѓубривата и целокупната количина на азот треба да се додаде во предсеидбената подготовка на земјиштето, и тоа во количини пресметани врз основа на резултатите од агрохемиската анализа на земјиштето.
Извор: domacinskakuca.rs
