Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Можно ли е во пост Ковид – 19 периодот да ни се случи „ТУРИЗАМ“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Можно ли е во пост Ковид – 19 периодот да ни се случи „ТУРИЗАМ“
Рурален Развој

Можно ли е во пост Ковид – 19 периодот да ни се случи „ТУРИЗАМ“

Објавено 08/02/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На почетокот на пандемијата во средината на април 2020 година во една моја колумна во Фокус, насловена „Еден вирус многу прашања, малку одговори“, покрај другите констатации наведов и тоа дека во економијата најголеми загуби ќе претрпат дејностите кои се врзани со движење. Туризмот и угостителството навистина претрпеа најголем пад.

Ако тој до 2019 година беше во топ три најбрзо растечки индустрии во светот, денеска можеме да констатираме дека е дејност со најголем пад. Во нашата земја туризам, речиси да немаше. Но, искуството ме поучило дека за да тргнеш напред мора да го допреш дното. Заради тоа е потребна организирана акција за определување на стратегијата за развој на оваа гранка во Пост Ковид-19 периодот. Затоа што ефектите од развојот на овој сектор можат да бидат токму додадената вредност и извозниот потенцијал кој што ни е неопходно потребен.

Она што ме охрабри да го напишам овој текст е широката расправа која по мерките на Владата ја отворија сите туристичките здруженија во државата. Морам да кажам дека уште пред 6 месеци во разговор со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, истакнав дека првиот и единствен услов за да се дојде до решението е да се постигне консензус, внатре во секторот. Тоа ќе овозможи прецизно и јасно да се формулира намерата со која што треба да биде анимирана Владата како императивен Извршен орган. И на таков начин да не се води дијалог на глуви, туку веднаш да се тргне во градењето на стратегијата. Нашето Здружение кое ги претставува и најголемите субјекти во овој сектор во доменот на таа заедничка матрица игра многу позитивна улога создавајќи атмосфера на заедништво кое е преку потребно.

Ако Владата и ресорните министерства, во изминатиот период се обиделе да размислуваат на ист начин како бизнисот, тогаш нема да има проблем да се усвојат следните мерки кој ќе не доведат до саканата цел.

1. Бесплатни ПЦР тестови за странски туристи и 24 часовен рок за издавање соодветен документ според директивите на Европска Унија на англиски јазик.

2. Довршување на процесот на функционирање на развојните туристички зони.

3. Развој на руралниот туризам кој може со мали вложувања да отвори значителен број на нови вработувања. Затоа што секои четири кревети во угостителски објект значат едно ново работно место.

Или за инвестиции во 1000 нови објекти со просек од 15 кревети потенцијалот е 4.000 работни места .

4. Сите досегашни анализи покажаа дека клучниот проблем во развојот на оваа гранка е разногласието во постигнувањето на таргетите, затоа што за оваа област во нашата држава секој е експерт. Токму затоа, почетната точка во градење на стратегијата треба да бидеформирањето на Комитетот за туризам како врв на пирамидата кој ќе ги обедини сите напори и идеи за постигнување на основната цел, а тоа, уште еднаш ќе повторам, се извозниот потенцијал и поголемата додадена вредност.

о таа пирамида ќе бидат омеѓени најмалку 15 стопански дејности кој се врзани за туризмот. Тоа е вистинскиот мост кој ќе ги поврзе работите и ќе ја смени перцепцијата за овој сектор дека е неперспективен, дека нема развоен концепт и сериозно учество во бруто домашниот производ.

Јас сум еден од ретките луѓе којшто во овие 30 години сум водел, и индустриски капацитет, и туристички капацитет. Можам слободно да кажам дека и двата имаат девизен ефект. Но, таа девиза да легне на нашето конто во индустријата, патот е како да се качуваш на Триглав. А на рецепцијата на хотелот Александар Палас наутро има редици коишто чекаат да ги остават девизните средства. Е има разлики..

Исто така, знам многу добро дека овој сектор е основ за развој на земјоделието, кое пак, кај нас учествува, заедно со прехранбената индустрија, со 13 до 15 % во бруто домашниот производ. Што повеќе туристички капацитети, толку поголем пазар за нашите земјоделско прехранбени производи. Ако не ја направевме грешката да ги распродадеме големиот број македонски туристички капацитети во околните земји, пласманот на тие производи ќе завршуваше во нашите објекти на Јадранот, Егејот, и другите туристички дестинации на Балканот.

Да сумирам, да престанеме сите да се правиме експерти за оваа дејност, да го формираме Комитетот за туризам, да ги прецизираме таргетите, да се организираме подобро, да одвоиме средства за поддршка на овој проект (без пари бизнис не бидува) и сите да се обединиме кон таа цел. Убеден сум дека тоа мора да биде едно од позитивните изненадувања за создавање додадена вредност во нашата економија во пост Ковид-19 перидот.

II. Мостови – Мостовите симбол на големите градители. Вие го градите мостот меѓу минатото и иднината.

Искрин мост е еден од поновите мостови, издграден пред 50 години, но затоа е еден од најдолгите и најголемите мостови во нашата земја. Мостот се протега над клисурите на реката Пчиња, со должина од 355.50 метри и 40 метри височина и ги поврзува градот Куманово со градот Свети Николе на регионалниот пат R1204. Мостот има 8 средни и два крајни столба и со својата величина го плени целиот простор.

П.С. Поранешниот хотел на македонскиот телеком помеѓу Бар и Улцињ во Црна Гора денеска е сопственост на мојот колега од Црна Гора. Да не се разбереме погрешно, по случајност, бидејќи таа трансакција се случи пред 12 години. Денеска на таа локација има 4 пати поголем капацитет и 10 пати поголем промет. Но, таму денес не се трошат македонските производи, бидејќи предност имаат домашните и производите на околните земји. А Македонија поседуваше над 10-тица такви објекти на престижни локации на Јадранот. Ова само како пример за мостовите кој се најизразени кај големите ланци на супермаркети, кои доаѓајќи од определена земја со себе, ги носат и производите од земјата од која што доаѓаат.

Текстот го напиша Бранко Азески
Претседател на Стопанска комора на Македонија

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески на средба со градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски
Таг:Бранко АзескиПост ковид 19туризам
Претходен напис Подготовка за сеидба на пролетни житни култури
Следен напис Сезона на јагоди, сезона на многу витамини!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?