Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Премиерот Заев ја пушти во употреба новата инвестиција на „Конти Хидропласт“: Ги поддржуваме компаниите кои инвестираат, вработуваат и освојуваат нови пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Премиерот Заев ја пушти во употреба новата инвестиција на „Конти Хидропласт“: Ги поддржуваме компаниите кои инвестираат, вработуваат и освојуваат нови пазари
Агровести

Премиерот Заев ја пушти во употреба новата инвестиција на „Конти Хидропласт“: Ги поддржуваме компаниите кои инвестираат, вработуваат и освојуваат нови пазари

Објавено 07/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Гевгелија ја пушти во употреба новата инвестиција на домашната извозно ориентирана компанија „Конти Хидропласт“ со традиција од 30 години постоење.

Станува збор за петгодишен договор до 2023 година за инвестицискиот проект на компанијата во висина од 5.1 милиони евра. Премиерот Заев истакна дека Владата ги поттикнува компаниите кои и во кризата гледаат можност, инвестираат, вработуваат, освојуваат нови пазари.

„Новата инвестиција на „Конти Хидропласт“ се реализира со поддршка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.  Минатата година, финансиски се поддржани за инвестициите реализирани во 2019 година, со што од страна на Владата исплатени се 10% од оправданите инвестициски трошоци во 2020 како и 20% од трошоците за освојување нови пазари или со вкупен износ од 6.4 милиони денари. Градиме систем кој ги поттикнува успешните компании кои работат чесно, придонесуваат во сопствениот развој, вработуваа кадри и вложуваат во човечкиот капитал, а сето тоа значи и развој  на државата. Компанијата го задржа истиот број на вработени – 185 лица, а дополнително постои потреба за нови вработувања, но и од стручна квалификувана работна сила. Во таа насока Владата го поддржува процесот на дуално образование и креирање на кадар кој соодветствува на реалните потреби на компаниите“, изјави премиерот Заев и додаде дека оваа година Владата преку директните капитални инвестиции отвора можност на преку 150 милиони евра развојни компоненти со производи од ваквото производство на цевки и црева за водоводи, канализација и гасификација на државата.

Премиерот Заев додаде дека само гасификацијата стартува со 54 милиони евра на интерконекторот кој што поминува покрај Гевгелија, Неготино, грчка граница и  се продолжува со интерконекторот спрема Косово, Србија.

„Веруваме дека на пролет ќе стартуваат изградбите на секундарните и терцијалните мрежи на гасоводот во сите поголеми македонски градови, а понатаму и во помалите. 50 милиони евра е ТАВ програмата каде преку 80% се инвестиции во водоводи и канализации ширум државата. Во разговори и преговори сме со Европската инвестициона банка за нови 100 милиони евра за водоводи, канализации и прочистителни станици“, додаде Заев.

Борис Маџунков генерален директор на компанијата „Конти Хидропласт“ истакна дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите е од голема важност за растот и развојот на македонската индустрија.  Тој додаде дека производството е 90%  наменето за извоз на странските пазари и тоа Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, дополнително за прв пат започнуваат извоз во САД што е голем успех за компанијата. Произведуваат полиетиленски и полипропиленски црева и цевки за водоводни, гасоводни и канализациони системи, притоа водејќи сметка за квалитет и заштита на животната средина.

Владата е посветена на подобрување на деловен амбиент, олеснување на царинските процедури, намалување на парафискални давачки, владеење на правото за сигурност на инвестициите како и почитување на начелата на пазарната економија.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:зоран заевКонти Хидропластнова инвестиција
Претходен напис Европската комисија ги објави препораките за земјоделството во Бугарија за периодот 2023-2027
Следен напис Кравата наречена по Викторија Бекам продадена за рекордни 300.000 евра! Паметна е и има стил
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?