Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Боне Спасовски од Виничани: Aко не беше ИПАРД никогаш немаше да можам да ја купам оваа механизација што ја имам сега
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Боне Спасовски од Виничани: Aко не беше ИПАРД никогаш немаше да можам да ја купам оваа механизација што ја имам сега
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Боне Спасовски од Виничани: Aко не беше ИПАРД никогаш немаше да можам да ја купам оваа механизација што ја имам сега

Објавено 30/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За Марина и Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско, сме пишувале повеќе пати. И овој пат имаме навистина убав повод, тие пред само неколку дена добиле известување од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, дека нивната апликација за повикот од ИПАРД 2 програмата, Мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, е одобрена.

–Ова е трет пат како аплицираме за ИПАРД 2 програмата и сите три апликации ни се одобрени. Мојата сопруга Марина, од 2009 година е регистриран земјоделец како носител на нашето семејно земјоделско стопанство и од тогаш па до денес аплицираме за сите повици каде што исполнуваме услови, без разлика дали станува збор за програмата за рурален развој или ИПАРД. Јас цел живот се занимавам со земјоделство, а имав само еден 40 години стар трактор, кој уште го чувам и nишто повеќе. Мислам дека ако не беше ИПАРД никогаш немаше да можам да ја купам оваа механизација што ја имам сега “- вели Боне и задоволно ја покажува својата нова механизација која ја купил веднаш штом го добил одговорот од Агенцијата.

Боне и неговата сопруга Марина заедно со своите деца обработуваат 3 хектари лозје, 7 хектари овоштарство од кои претежно кајсии, сливи и праски, 1,5 хектар житарица и 10 пластеници со раноградинарска култура – пиперка.

За прв пат во 2009 година, добиле помош од програмата за рурален развој и купиле трактор, атомизер и друга мехаизација во вредост од 12 500 евра, потоа од 2016 година се корисници на средства од ИПАРД 2 програмата, па така во 2018 година од мерката Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства, средствата ги искористиле за набавка на трактор Ландини, Мулчер Риниери и Електрична ножица за режење Риниери во вредност од 1.505.320 ден.

Велат дека главно се задоволни од она што го работат. Дури и во изминатата кризна година поминале добро, бидејќи, како што вели Боне, клучот за успехот е добриот квалитет, а за квалитетните производи секогаш има купувачи па и добра цена.

Годинава се во подготовка да подигат нов насад со круши и веќе засадиле 800 дрвца, а ќе го прошират и лозовиот насад со нови 1000 прачки од сортата Вранец, увезени од Италија. Исто така планираат да подигнат и нови два пластеници со компири.

„Сега чекаме одговор од повикот за Рурална жена , за кој Марина аплицираше минатата година со цел да купиме казан за ракија и машина за мелење грозје. Планираме во наредниот период да направиме и ладилник за чување на овошјето бидејќи ни е неоходен. Секако доколку исполнуваме услови планирам повторно да аплицираме за некој нареден ИПАРД повик, а ќе ги следиме и повиците од програмата за Рурален развој“ – вели Боне.

Фамилијата Спасовски е доказ дека земјоделството е сериозен бизнис во кој треба да се инвестира и да се работи професионално доколку сакате да имате успех и да заработите.

Затоа, земјоделци и агробизнисмени, не бидете скептици и не се откажувајте уште пред да аплицирате. Обратете се до подрачните единици на МЗШВ, советниците од АПРЗ или приватните консултантски фирми кои изработуваат апликации. Користете ги средствата кои се обезбедени за вас!

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Средствата од ИПАРД програмата повторно се достапни!
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Таг:Боне СпсовскиВиничаниИпард
Претходен напис Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници
Следен напис Субвенции за туристички цели на селски домаќинства: 200.000 денари при градење или адаптација на селски домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги
2 коментари 2 коментари
  • Mice напиша:
    на 30/01/2021 г. во 16:32 часот

    Dali za apliciranje treba da se ima firma ili moze kako fizicko lice? I koga kako se isplacaat sredstvata vo repro materijali ili vo paricni sredstva.

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 01/02/2021 г. во 23:11 часот

      Почитуван за повеќе информации околу ИПАРД, информирајте се на 071 381 453 Агрокултура Консалтинг

      Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?