Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Субвенции за туристички цели на селски домаќинства: 200.000 денари при градење или адаптација на селски домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Субвенции за туристички цели на селски домаќинства: 200.000 денари при градење или адаптација на селски домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги
АгровестиРурален Развој

Субвенции за туристички цели на селски домаќинства: 200.000 денари при градење или адаптација на селски домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги

Објавено 30/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за Економија, со цел поттикнување на развој на туризмот во руралните средини предвидува финансиска поддршка при градење или адаптација на селски домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги во согласност со Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознаката во селските домаќинства во руралните средини.

Финансиската поддршка во износ од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000,00 денари, ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, реконструкција како и за уредување на просторот на селски домаќинства.

Критериуми кои треба да ги исполнат домаќинствата се: објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа, да подготвуваи послужува топли и ладни јадења, пијалаци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби), надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредена. Ваквите семејни домаќинства ќе добијат ознака на која има „сончоглед―, како потврда дека станува збор за селско домаќинство во рурална средина кое врши угостителска дејност.

Со поддршка на селските домаќинства се обезбедува самовработување за лица во рурални средини и зголемување на автентична туристичка понуда, со можност за промоција на локалните вредности.

Оваа активност ќе се реализира во периодот од месец февруари до месец октомври 2021 година.

Вкупно планирани средства 5.000.000,00 денари

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:куќаселски туризамуслуги
Претходен напис Боне Спасовски од Виничани: Aко не беше ИПАРД никогаш немаше да можам да ја купам оваа механизација што ја имам сега
Следен напис Бачовски: Во село Оризари пуштен во употреба новиот патен правец Оризари – Туристичка населба Добра Вода, 12 милиони денари грант од АФПЗРР
4 коментари 4 коментари
  • Ивица напиша:
    на 09/02/2021 г. во 23:09 часот

    Како да се аплицира за средстваата на развој на селскиот туризам

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 12/02/2021 г. во 13:43 часот

      Повеќе информации ќе добиете на 071 381 453 Агрокултура консалтинг. Поздрав

      Reply
  • Ивица напиша:
    на 09/02/2021 г. во 23:11 часот

    Како да аплицираме за средствата

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 12/02/2021 г. во 13:43 часот

      Повеќе информации ќе добиете на 071 381 453 Агрокултура консалтинг. Поздрав

      Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?